Ајакс остана во сонот наречен финале во Лигата на шампиони. По триумфот во Мадрид над Реал со 4:1 и ремито во Торино против Јувентус (2:2), „копјаниците“ од Амстердам успеаја да останат непоразени и во дуелот со Тотенхем во Лондон. Конечни 1:0 со погодокот на Дони ван де Бек во 15. минута што е повеќе од одлична предност за составот на Ерик Тен Хаг за реваншот на „Амстердам арена“ наредната недела.
Утревечер (среда, 21 ч.) на „Камп Ноу“ се игра и второто полуфинале меѓу Барселона и Ливерпул.