Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ССНМ: Новинарите што ги следат изборите да не бидат попречувани во нивната работа

0
By Нова ТВ on May 5, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 5, 2019 14:44

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) во текот на изборниот ден на бесплатниот телефон за помош при напад на новинари (0800 11 011) доби пријава од новинарка која била попречувана во нејзината работа при следењето на изборниот процес.

Новинарка на Порталб.мк во два навратa пријави дека помеѓу 11:30 и 12:30 часот била попречувана при вршењето на својата работа на две избирачки места во општина Чаир, во основните училишта „Имре Елези“ и „Петар Здравковски – Пенко“, каде не ѝ било дозволувано да фотографира и не биле прифатени нејзините барања да добие изјави од претставник на избирачки одбор и покрај нејзините укажувања на насоките од Државната изборна комисија за непречено и задолжително давање на информации на новинарите.

На избирачкото место 2961/1 таа се соочила и со низа навреди од лице кое не се претставило и чија улога на избирачкото место не била јасно видлива, а дури била повикана и полиција со оправдание дека новинарката го попречува изборниот процес. Откако новинарката пријавила во ДИК, ситуацијата се смирила, а изјава за текот на избирачкиот процес добила на едно избирачко место по низа инсистирања и укажувања.

ССНМ апелира избирачките одбори, набљудувачите и сите инволвирани во избирачкиот процес да се однесуваат љубезно и достоинствено и да ги почитуваат процедурите, Изборниот Законик, насоките и правилниците на Државната изборна комисија и да не ги попречуваат новинарите во нивната работа која е од огромно значење за целокупниот демократски амбиент и за одржување слободни и демократски избори.

ССНМ потсетува дека новинарите можат во секој момент да пријават какви било попречувања на нивната работа, закани, навреди, физички или вербални напади на бесплатниот телефонски број 0800 11 011.

избори новинари претседател пријави ССНМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.