НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Манчестер С. старо-нов првак во Премиерлигата: За Гвардиола е најтешка титула, за Компани најдрага

0
By Нова ТВ on May 13, 2019 СПОРТ
Фото: rpp.pe
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Манчестер Сити остана на премиерлигашкиот трон. Ланската шампионска титула ја одбрани во штотуку завршената сезона со бод предност во однос на Ливерпул. Дилемите се решаваа во последното коло во кое „граѓаните“ со пресврт триумфираа над Брајтон со 4:1, а Ливерпул над Вулверхемптон со 2:0.

На Пеп Гвардиола му падна голем камен од срце. Неговите играчи експресно реагираа на примениот гол во 27 минута и, за нивна среќа, по 60 секунди одговорија со израмнувачки за 1:1. Реализацијата на Лапорт по корнерот во 38. минута за водство со 2:1 беше огромно олеснување за шпанскиот менаџер, но и момент што е оценет како клучен во трасирање на патот до шести трофеј.

„Честитки и благодарност до Ливерпул. Нивната одлична форма и сезона беа ветар во грб за нас нè принудија да бидеме високо над стандардите. Ова беше неверојатен шампионат што донесе жестока борба од првото до последното коло. Моравме да победиме во 14 средби во низа за оваа титула што без сомнение е најтешка во мојата кариера“, рече Гвардиола.

Шпанецот ја окарактеризира сезоната како успешна. Не криеше задоволство од освоените трофеи и најави континуитет во првенствата што доаѓаат.

„Го освоивме „Комјунити Шилд“, потоа Лига купот, сега Премиерлигата и ни останува уште ФА купот. Може да освоите една, но кога ќе освоите две во низа и тоа против силни клубови и менаџери кои вложуваат големи средства, тоа значи дека добро сте работеле. Тоа е реалност. Наредната сезона ќе биде потешка, но и ние ќе бидеме посилни. Имам чувство дека и догодина ќе бидеме во слична позиција и ќе завршиме каде што сме денеска“ додаде шпанскиот менаџер на Сити.

Најдрага, но и најтешка освоена титула во кариерата е најкусиот сублимат на сезоната во Премиерлигата на капитенот на Манчестер сити, Венсан Компани.

„Ливерпул беше исклучителен. Не сакам да им отежнувам, но навистина го мислам тоа. Не заслужија да бидат втори оваа сезона. Но, тоа ме прави да се чувствувам посреќен бидејќи се боревме и успеавме против така добар тим. Немав претстава за резултатите од другите мечеви, само слушнав како навивачите на Брајтон пејат „1:0 за Ливерпул“. Во тие моменти го примивме голот меѓутоа останавме мирни. Направивме што моравме и бевме извонредни. Оваа титула е микс на тренерот, на група играчи и желба да постигнеме повеќе одошто можеме. Многу пати завршивме без примен гол и победивме во последните 14 средби. Горд сум на соиграчите“, рече Компани.

Манчестер сити, Ливерпул, Челзи и Тотенхем ќе играат во Лигата на шампиони во наредната сезона, Арсенал и Манчестер јунајтед во Лига Европа. Но, лондонските „топчии“ би можеле и во Лигата на шампиони ако ја освојат Лига Европа против градскиот ривал од „Стемфорд Бриџ“ во финалето во Баку на 29 мај. Премиерлигата ја напуштаат Кардиф, Хадерсфилд и Фулам. Засега е познато дека од Чемпионшип во елита се селат Норич и Шефилд јунајтед. Со кој клуб ќе биде дополнета англиското фудбалска дружина ќе се знае по заокружување на плејофот.

Премиерлига, 38 коло

Брајтон – Манчестер сити 1:4

Барнли – Арсенал 1:3

Кристал Палас – Борнмут 5:3

Фулам – Њукасл 0:4

Лестер – Челзи 0:0

Ливерпул – Вулверхемптон 2:0

Манчестер јунајтед – Кардиф 0:2

Саутемптон – Хадерсфилд 1:1

Тотенхем – Евертон 2:2

Вотфорд – Вест Хем 1:4

Табела: Манчестер сити 98, Ливерпул 97, Челзи 72, Тотенхем 71, Арсенал 70, Манчестер јунајтед 66, Вулверхемптон 57, Евертон 54, Лестер 52, Вест Хем 52, Вотфорд 50, Кристал Палас 49, Њукасл 45, Борнмут 45, Барнли 40, Саутемптон 39, Брајтон 36, Кардиф 34, Фулам 26, Хадерсфилд 16.

Венсан Компани Ливерпул Манчестер Сити Пеп Гвардиола Премиерлига Титула фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.