НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Финале во ЛЕ: Славата за Челзи, тагата за Арсенал (Видео)

0
By Нова ТВ on May 29, 2019 СПОРТ
Фото: uefa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Челзи по вторпат е победник во Лига Европа, по 2013 година и триумфот над Бенфика во Амстердам, или петти вкупно во натпреварувањата на УЕФА. Лондонските „сини“ вечерва во финалето во Баку го совладаа Арсенал со 4:1. Два гола за екипата од „Стемфорд Бриџ“ постигна Еден Азар, по еднаш Петр Чех го совладаа и Оливие Жиру и Педро, почесниот за „топчиите“ беше дело на Ивоби. Сите пет гола беа постигнати во второто полувреме.

За Маурисио Сари ова е прв трофеј во тренерската кариера во која има 810 натпревари. Но, финалето во ЛЕ можеби беше негов последен на клупата на Челзи по гласините дека во летниот преоден рок ќе замине од клубот и ќе го наследи Масимилијано Алегри на кормилото на Јувентус. Неговиот колега на спротивната страна, Унаи Емери го доживеа првиот пораз во мечевите за трофејот во ЛЕ по трите освоени со Севилја.

https://www.youtube.com/watch?v=ZKT2MUq_LXs

Настапот на Олимпискиот стадион во Азербејџан е можеби последен и за Еден Азар во синиот дрес на лондончани со оглед на големиот интерес за Белгиецот од Реал Мадрид. „Кралевите“ беа подготвени за комплетирање на трансферот за 100 милиони евра меѓутоа премиерлигашот одеднаш ја зголеми цената за 30 милиони, а вечерва наводно е направен компромис и двата клуба се нашле на средина (115 милиони евра) за услугите на двојниот стрелец за Челзи во Баку.

Она што е извесно е дека финалето во ЛЕ е последен натпревар за голманот Петр Чех. Чешкиот интернационалец од претходно најави дека ја завршува кариерата на крајот на сезоната.

Арсенал, пак, останува на последниот европски трофеј од сезоната 1993/94 во која триумфира во поранешниот КПК. Поразот од Челзи вечерва значи дека останува и без место во Лигата на шампиони за наредната сезона и повторно ќе биде дел од Лига Европа.

Во сабота на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид ќе играат Ливерпул и Тотенхем за трофејот во Лигата на шампиони.

Арсенал Баку Лига Европа финале фудбал Челзи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.