НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Извештај на ОН: Северна Македонија со најголем раст на инвестиции во Западен Балкан

0
By Нова ТВ on June 15, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: brookings.edu
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Северна Македонија забележа најголем раст на инвестициите на Западниот Балкан, нотира „Извештајот за инвестициите во светот за 2019 година“ на Конференцијата на ОН за трговија и развој (UNCTAD’s World Investment Report 2019). Во него се вели дека приливот на странски директни инвестиции во земјава е зголемен за 260 проценти, односно од 205 милиони долари во 2017 година, инвестициите годинава се зголемени за три пати и изнесуваат рекордни 737 милиони долари.

„Ова успешно рангирање според овој светски извештај за инвестиции е резултат на новите економски политики на Владата на Република Северна Македонија во изминатите две години, кога првпат после долг временски период се создаде поволна атмосфера и реални услови земјата да се позиционира како предвидлива и стабилна бизнис дестинација. Во најголем дел придонес има цврстата определба на Владата за интензивирање на ЕУ и НАТО интеграциите, а со тоа и позиционирање на земјата како стабилна бизнис дестинација која овозможува правна и економска сигурност за инвеститорите“, изјави директорот на Дирекцијата за технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ), Александар Младеновски.

Заокружувањето на реформските процеси како и реализацијата на новите економски политики на Владата, додаде, ја позиционираат земјата како една од најатрактивните инвестициски дестинации во Европа.

Според Младеновски, во изминатиот период интересот за инвестирање во ТИРЗ е зголемен, како од домашни, така и од реномирани странски компании. Се работи на тоа да се пополнат празните парцели во постојните ТИРЗ и да се отворат нови работни места. Постојано се одржува контакт со потенцијалните инвеститори заинтересирани за инвестициски проекти со кои Владата заедно со ДТИРЗ се во различни фази на преговори.

Светскиот Извештајот за инвестиции за 2019 година ги поддржува креаторите на политиките преку следење на глобалните и регионалните трендови на директните странски инвестиции и документирање на развојот на националните и меѓународните инвестициски политики. Според UNCTAD, инклузивниот одржлив развој зависи од глобалната политичка средина што е погодна за преку-гранични инвестиции.

Овој Извештај за светските инвестиции дава преглед на глобалниот пејзаж на посебните економски зони (SEZ) и нуди совети за тоа како да одговорат на фундаменталните предизвици за зоните поставени од императивот за одржлив развој, новата индустриска револуција и промените на моделот на меѓународно производство.

Меѓу најважните инструменти за привлекување инвестиции се посебните економски зони. Бројот на зони низ светот брзо растеше оваа деценија на повеќе од 5.000, со многу повеќе планирани, покажува извештајот на UNCTAD.

Според извештајот на ОН, минатата година глобалните текови на странски директни инвестиции се намалија за 13 отсто, на 1,3 трилиони долари. Ова претставува најниско ниво од глобалната финансиска криза и го нагласува недостатокот на раст во меѓународните инвестиции оваа деценија. Протокот на инвестиции во транзициските економии продолжи да се намалува во 2018 година, а транзициските економии се потпираат на посебни економски зони за инвестирање.

„Приливот на странските директни инвестиции (СДИ) во економиите во транзиција во Југоисточна Европа, Комонвелтот на независни држави (ЗНД) и Грузија се намалија за 28 проценти, односно на 34 милијарди долари во 2018 година. Сепак, Југоисточна Европа триумфира, победувајќи го општиот надолен тренд, при што СДИ се зголемија за 34 проценти на 7,4 милијарди долари, особено во Северна Македонија. Приливите во Северна Македонија се зголемија за повеќе од трипати, до рекордни 737 милиони долари, главно за инвестиции во автомобилската индустрија во своите технолошки индустриски развојни зони. Во еден од најзначајните договори, слободната економска зона, ТИРЗ Скопје 2, го привлече производителот на автомобилски делови од САД, Дура. Приливите кон Северна Македонија сигнализираа две работи: првично, поволната меѓународна побарувачка на странски фирми лоцирани во зоните (извозно ориентирани) и второ, позитивните политички случувања во врска со името на земјата. Ова ја олеснува соработката на Северна Македонија со ЕУ, главниот извозен пазар во земјата“, стои во Извештајот на ОН.

Инвестициите во капитал, се додава, пораснаа два и пол пати, а заемите внатре во компаниите станаа позитивни по негативните во 2017 година. Покрај традиционално силниот автомобилски кластер, нови инвестиции беа забележани и во други дејности.

Извештајот на ОН констатира дека приливите на странски директни инвестиции се зголемија во сите земји од овој регион, освен во Црна Гора. Одливите останаа непроменети на 38 милијарди долари, со што регионот беше нето-извозник на капитал за СДИ во 2018 година.

„Меѓу економиите во транзиција, Северна Македонија се рангира во првите пет економии во две категории, и во Трговскиот раст (економии рангирани според просечната годишна стапка на раст на трговските стоки, интеграцијата на CAGR 2007-2017) и според ГВЦ (глобален вредносен синџир), нотира Извештајот.

Промоцијата на посебните економски зони (СЕЗ) стана важна алатка на инвестициска политика на економиите во транзиција. Посебните економски зони може исто така да станат главен двигател на идниот раст на СДИ, вели извештајот на UNCTAD.

Помалите економии кои превземаат значајни извозни активности, како што е Северна Македонија, исто така, имаат слободни економски зони (15 ф). Сепак, постојат очекувања да придонесат за одредени развојни цели. Во Северна Македонија, Законот за технолошки индустриски развојни зони бара од корисниците на зоната да ги исполнат следниве критериуми: создавање работни места, усогласеност со високи еколошки стандарди, производство базирано на нови технологии и висока енергетска ефикасност, се нагласува во Извештајот на ОН.

ДТИРЗ економија Извештај Македонија ОН Странски инвестиции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.