НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Катимерини“: Датум за преговори со Северна Македонија во септември, не и за Албанија

0
By Нова ТВ on June 15, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Северна Македонија веројатно кон крајот на годинава ќе добие поддршка од Европската унија за почеток на преговорите за членство, додека во случајот на Албанија и пристапните преговори со ЕУ на таквата одлука се противат Франција, Германија и Холандија, пишува грчкиот весник „Катимерини“ повикувајќи се на дипломатски извори.

И покрај реториката дека ЕУ треба да прифати нови членки од Западен Балкан, со цел тие земји да го зајакнат својот европски пат и да се маргинализира кинеското и руското влијание, прашањето за миграција предизвика сомнежи во некои северни држави на Унијата.

Со голема поддршка од мнозинството земји-членки на ЕУ и ЕК, Северна Македонија и Албанија се надеваа дека европските министри на состанокот во вторник во Луксембург ќе дадат зелено светло за почеток на преговорите за членство. Таквата одлука на министрите би го отворила патот за нејзино одобрување од страна на лидерите на ЕУ на самитот во Брисел на 20 и 21 јуни.

Постои опција во септември да се постигне нов договор меѓу владите на земјите членки на ЕУ, но само за Северна Македонија.

„Северна Македонија има добри шанси за почеток на преговори за членство во ЕУ, имајќи го предвид постигнувањето на историскиот договор со Грција околу името на државата“, истакна висок официјален претставник на Унијата, наведува „Катимерини“.

Истиот дипломатски извор вели дека Албанија и понатаму е огромно прашање за некои влади на земји-членки и воопшто не изгледа ветувачки.

Според мислењето на „Транспаренси интернешанл“, една од најкорумпираните земји во Европа е токму Албанија, која е членка на НАТО, но постигнала само мал напредок во борбата против перење на пари иако менувала корумпирани судии и обвинители, тврдат американски и европски претставници.

Во јуни минатата година Франција и Холандија неочекувано го блокираа почетокот на преговорите со ЕУ за Северна Македонија и Албанија, барајќи дополнителни реформи.

Холандскиот парламент на 11 јуни усвои резолуција против отворање пристапни преговори со Албанија, додека Северна Македонија доби поддршка од холандските пратеници.

Албанија ЕУ Катимерини преговори Северна Македонија членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.