Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседавачка ротација во Брисел: Финска од утре на чело на Советот на ЕУ

0
By Нова ТВ on June 30, 2019 СВЕТ
Фото: yle.fi
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 30, 2019 16:05

Финска од утре го презема ротирачкото шестмесечно претседавање со Европската Унија (ЕУ). Ова е третпат, според утврдениот распоред, скандинавската држава да биде на чело на Советот на ЕУ, тело што ги обединува министрите на земјите – членки и се состанува за прашања од земјоделство до внатрешни и надворешни теми.

Земјата членка што претседава во период од шест месеци ги одржува сите состаноци на Советот на ЕУ, освен Советот на министри за надворешни работи, со кој претседава министерот за надворешни работи на ЕУ. Во исто време, земјата претседавач е обврзана да води работни и стручни групи, но и да соработува со Европската комисија и со Европскиот парламент во име на Европскиот совет.

Финска го презема претседателството со Советот на ЕУ од Романија, а на 1 јануари 2020 година ќе го предаде на Хрватска. Пред да го преземе претседателството со Советот на ЕУ, Финска најави дека нејзината програма ќе се заснова на социјалната, економската и еколошката одржливост на Европа.

Како клучен приоритет на своето претседателствување, Финска ја наведува улогата на ЕУ во борбата против климатските промени. Програмата на финското претседавање опфаќа и зајакнување на единствен пазар, политика базирана на слободна трговија, користење на потенцијалите што овозможуваат развој, иновации и дигитализација.

ЕУ Претседавање Совет Финска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.