НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Локални избори во Албанија: Излезноста до 15 часот е само 15,5 отсто

0
By Нова ТВ on June 30, 2019 СВЕТ
Фото: euronews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На денешните локални избори во Албанија, бојкотирани од опозицијата, до 15 часот правото на глас го оствариле 546.388 граѓани или 15,5 отсто од вкупно запишаните во единствениот избирачки список. Портпаролката на Централната Изборна Комисија (ЦИК), Дрилона Хоџај, на втората прес-конференција рече дека изборниот процес се одвива нормално.

„Највисок одѕив е забележан во Тирана каде до 15 часот гласале 107.108 граѓани, потоа Фиер 30.440, Елбасан 27.466, Корча 13.500, Подградец 11.265 граѓани“, рече Хоџај.

Таа повторно ги повика граѓаните да го остварат своето граѓанско право затоа, како што рече, изборите во демократија може и треба да произлезат единствено од дадениот глас. Одѕивот на гласачкото тело до 11 часот, пак, беше 12 отсто.

Во единствениот избирачки список се запишани вкупно 3.464.328 лица со право на глас, но поради масовната миграција реалната бројка е многу помала. Според пописот од октомври во 2011 година, Албанија има 2.891.977 жители. Со постојано место на живеење во Албанија се 1.421.810 жители додека другите се пријавени со престој во странство до една година.

Инаку, изборниот процес го набљудуваат 150 набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР, 20 набљудувачи од американската амбасада и по четворица од италијанската и британската амбасада. Текот на избори на повеќе места го набљудуваа евроамбасадорот во земјата, Луиџи Сореца како и амбасадори на неколку странски дипломатски претставништва.

Албанија излезност локални избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.