Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Михајловиќ од Болоња: Имам леукемија, два дена плачев, но ќе победам

0
By Нова ТВ on July 13, 2019 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 13, 2019 17:29

Синиша Михајловиќ со шокактни вести по неговото здравје, но најави дека останува на кормилото на Биолоња. Легендарниот српски фудбалер и член на шампионската генерација на Црвена звезда од 1991 година на прес-конференција во Италија објави дека боледува од агресивна форма на леукемија, но најави борба до конечна победа. Веднаш по него се јави и директорот на калчолигашот, Валтер Сабатини и порача дека Михајловиќ ќе остане тренер на екипата.

„Направив тестови кои покажаа дека имам леукемија. Бев во шок кога ги слушнав резултатите. Два дена плачев, а животот ми минуваше пред очи. Но, тоа не беа солзи од страв. Ја почитувам болеста, ќе се соочам со неа со крената глава. Со нетрпение чекам да почнам да се борам да оздравам. Агресивна е, но не е непобедлива. Им реков на фудбалерите дека ќе се борам да победам како што го учев и нив на терен. Нема седење и чекање. Им објаснив дека ако седиме и чекаме да се одбраниме, ќе бидеме нокаутирани. Затоа мора да нападнеме“, рече Михахјловиќ.

Михајловиќ во јануари по вторпат седна на клупата на Болоња како замена за Филип Инзаги. Ја презеде екипата во незавиден момент, но успеа да го обезбеди опстанокот во Серија А. Пои завршување на сезоната доби договор со 2022 година со гаранции од клубот дека ќе има вложувања во тимот.

Покрај Болоња, Михајловиќ работеше како тренер и во Катанија, во Фиорентина, во Сампдорија, во Милан и во Торино. Како фудбалер, освен во дресот на Црвена звезда, играше и за Борово, за Војводина, за Рома, за Сампдорија, за Лацио и за Интер.

Болоња Кариера леукемија Синиша Михајловиќ фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.