Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Имот на СФРЈ: Објектот во Атина го поделија С. Македонија и Србија

0
By Нова ТВ on July 20, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: abcnews.go.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 20, 2019 16:25

Генералниот секратар во српското Министерство за надворешни работи (МНР) и претставник во Мешовититот комитет за распределба на дипломатскиот и конзуларниот имот на поранешна СФРЈ, Вељко Одаловиќ изјави дека Србија и Северна Македонија постигнаа договор за објектот во Атина.

„Објектот е поделен меѓу Србија и Северна Македонија, што претходно, од повеќе причини, не можеше да се направи“, изјави Одаловиќ за новинската агенција „Танјуг“, објаснувајќи ги одлуките од неодамнешниот состанок на Мешовититот комитет во Белград, прв по пауза од седум години на кој се донесоа повеќе конкретни одлуки.“

На Србија ` припаднаа објектите во Франкфурт, во Женева и резиденцијата во Хараре, а завршена е поделбата на објектите во Анкара меѓу Србија и БиХ и во Атина со Северна Македонија, истакна Одаловиќ.

Тој оцени дека останува да се донесат уште некои одлуки како што е физичката поделба на четири големи комплекси во Бразил, во Етиопија, во Индија и во Русија кои не можат да бидат предмет на распределба.

Што се однесува до Москва, до крајот на годината претставниците на земјите-наследнички во руската престолнина, на лице место ќе разменат идеи за можните модалитети на поделбата на објектот. Одаловиќ вели дека Србија е заинтересирана, доколку земјиштето не се продава, објектот да ` остане во сопственост, бидејќи има стратешки интерес за земјата, и тој ќе се компензира со другите сукцесори.

За Бразил е постигнат договор за физичка поделба, а на Србија и припадна централниот резиденцијален дел со вкупна површина од еден хектар.

„Експертските тимови треба да направат предлог за физичка поделба на објектот во Њу Делхи и се очекува дека на Србија ќе и припаднат околу 1.000 квадратни метри канцелариски простор и околу еден хектар земјиште,“ кажа Одаловиќ.

Меѓу предметите што ќе бидат предмет на распределба се и објектите во Адис Абеба, на Кипар, во Букурешт, во Софија. Во Копенхаген и во Варшава се води постапка за разјаснување на ситуацијата, се појави имот и во Драч и во Тирана, стан во Лондон, истакна Одаловиќ, додавајќи дека сукцесорите барале да се реши статусот на десетина станови на воените претставништва.

Тој наведе дека во Африка, Азија, Латинска Америка и некои други земји постојат објекти кои чекаат на одлуките за сукцесија, а Србија плаќа одржување на околу 15 до 20 дипломатски објекти во повеќе земји.

Одаловиќ кажа дека со одлуката од 2006 година предвидена е заедничка продажба на пет објекти кои не можат да бидат предмет на договор и поделба. Тоа е резиденцијален стан и мисијата во Њујорк, амбасадата во Токио и амбасадите во Бон и во Берн од кои првите три се веќе продадени.

„Има уште два објекта за кои има постапка, тоа е мисијата во Њујорк, каде што има одредени понуди, но ние сè уште не се согласивме целосно за ова и, секако, Берн, како и уште еден објект за кој некои земји се заинтересирани“, рече Одаловиќ.

Запрашан за судбината на сликите и уметничките дела од дипломатските претставништва на Југославија, Одаловиќ истакна дека постои посебна комисија која се занимава со ова прашање во рамки на мешовитата комисија.

„Кому ќе му припадне објектот, таму оди и сликата. Таму каде што има заеднички објекти или се продаваат, сликите се пренесуваат и се предмет на посебна поделба. Првиот критериум е земјата на авторот, бидејќи тие се главно слики од автори од нашите земји“, рече Одаловиќ, кој додаде дека Интерпол води истрага за околу 50 уметнички дела кои не биле пронајдени.

Како што најави, нов состанок на Мешовититот комитет за распределба на дипломатскиот и конзуларниот имот на поранешна СФРЈ ќе се одржи кон крајот на февруари идната година во Сараево.

Атина Имот поделба С. Македонија Србија Сукцесори СФРЈ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.