НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пливач-рекордер: Американецот Дресел со осум медали на СП во Гвангжу

0
By Нова ТВ on July 28, 2019 СПОРТ
Фото: olympicchannel.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американскиот пливач Кејлеб Дресел по осми пат се најде на подиумот во Гванжу со што стана рекордер по бројот на освоени медали на Светските првенства во спортови на вода. Тој беше дел од штафетата на САД која заврши на второто место во трката 4х100 метри мешано и од Јужна Кореја заминува со шест златни одличја и две сребрени.

Првото место го освои тимот на Велика Британија (Лук Гринбенк, Адам Пити, Џејмс Гај и Скот Данкан) кој на целта имаше време од 3:28,10 минути што воедно е нов европски рекорд. Американските пливачи Рајан Марфи, Ендру Вилсон, Нејтан Едријан и Келјеб Дресел задоцнија 35 стотинки, трета беше Русија во состав Евгениј Рилов, Кирил Пригода, Андреј Минаков и Владимир Морозов.

Два рекорда во финалето на женската штафета 4х100 метри мешано 

Женската штафета на САД, пак, победи во финалната штафетна трка 4х100 метри мешано во која беше соборени и два светски рекорда. Реган Смит е сопственичка на новото најдобро планетарно остварување на 100 метри грбно (57,57 секунди), а заедно со трите сонароднички (Лили Кинг, Келси Далија и Симон Мануел) пливаа и до рекорд во дисциплината (4х100 метри мешано) – 3:50,40 минути. Резултатот е за 1,15 секунди подобар од досегашниот што исто така беше во американска сопственост од Будимпешта во 2017 година.

Фото: fina-gwangju2019.com

Сребрените одличја завршија на гради на пливачките од Австралија кои имаа 3,02 секунди послабо време, бронзата ја однесоа Канаѓанките (+3,18 секунди).

Петто мундијалско злато за Унгарката Хошу на 400 метри мешано 

Фото: olympicchannel.com

Унгарката Катинка Хошу продолжи со доминацијата во трките на 400 метри мешани на Светските првенства. Во базенот во Гвангжу, таа ја исплива делницата со време од 4:30,39 минути и стана прва пливачка со пет шампионски титули во една дисциплина на мундијалите. Второто место ` припадна на Кинеската Је Шивен (+1,68 секунди), трета беше Јапонката Јуи Охаши (+1,94 секунди).

Гвангжу Катинка Хошу Кејлеб Дресел пливање Рекорди СП
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.