НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кочан денеска го примил известувањето од Судот дека треба да оди во затвор

0
By Соња Петрушевска on July 31, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сеад Кочан денеска го добил известувањето од Судот дека веднаш треба да започне со издржување на затворската казна од 4 години за случајот „Труст“, потврдија од Судот за НОВА.

Доколку Кочан денеска не се пријави во затворот во Идризово, судија за извршување на санкции ќе побара од МВР  тој стражарно да биде пренесен во затворот.

Иако во Законот нема прецизен рок до кога треба да се чека осудениот да се јави на издржување на затворската казна, терминот „веднаш“ јасно наведува дека не се прифаќа никакво одложување.

Од МВР за НОВА ги негираа шпекулациите дека наводно полицијата вчера била повикана да го пренесе Коачн во затворот од една приватна болница каде тој наводно се лекувал.

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје, вчера ја одби како неоснована жалбата на Кочан со која се бараше  одлагање на извршување на затворската казна.

„По разгледување и ценење на жалбата, советот донесе решение со кое жалбата ја одби како неоснована и го потврди решението на судијата за извршување санкции според кое осуденото лице е должно веднаш да се јави на издржување на затворската казна, а одлуката на советот е писмено изработена и експедирана до странките“ соопштија од Судот.

Бизнисменот Сеад Кочан е осуден на 4 години и 8 месеци затвор за „Труст“ за прикажување на лажна документација за добивање на тендер од ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра. Освен Кочан во Труст беа обвинети и  Василие Авировиќ, кој исто така беше осуден на затвор од три години, но Апелацискиот суд му ја преиначи казната во условна односно две години затвор кои нема да се извршат ако во наредните пет години не направи друго кривично дело.

Третиот кој беше обвинет во предметот, Сафет Ватиќ, доби ослободителна пресуда.

Судот одреди и конфискација на имот од околу 17 милиони евра.

 

затвор Кочан Труст
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.