НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ одбра: Бугарката Кристалина Георгиева е европски кандидат за шеф на ММФ

0
By Нова ТВ on August 3, 2019 ВЕСТИ
Фото: worldbank.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бугарката Кристалина Георгиева (65) ја доби поддршката од Владите на земјите членки на Европската унија (ЕУ) да биде заеднички кандидат за шеф на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Во вториот круг на гласање на што му претходеше 12 часовна дебата, таа го победи Холанѓанецот Јерун Дајселблум, откако гувернерот на Централната банка на Финска, Оли Рен и шпанската министерка за економија, Надиа Калвино се повлекоа пред првото изјаснување.

Георгиева е извршен директорка на Светската банка, а агенцијата „Ројтерс“ забележува дека нејзината кандидатура ќе значи потреба од менување на правилото на ММФ што наложува „директорот да има помалку од 65 години“.

Против планот за избор на кандидат за директор на ММФ се изјасни Велика Британија, со образложение дека е „прерано“ и дека официјален Лондон немал доволно време да истакне свој фаворит, е наведено во еден доверлив документ што „Ројтерс“ го имал на увид.

Рокот за пријавување на кандидати за прв човек на ММФ е до 6 септември. На највисоката функција во глобалниот кредитор со седиште во Вашингтон по традиција беше Европјанин. Заинтереситаните, пак, од другите делови на светот можеа да стекнат предност за позицијата само во случај на расцепканост на стариот континент при изборот на адут.

Земјите од Северна Европа, на пример, го преферираа Дајселблум, а од југот и истокот на континентот се протежираа Георгиева, порача неименуван европски претставник. ж

За победник во изборот се смета кандидатот кој ќе добие 55 отсто гласови на Владите на 28 земји членки на ЕУ кои заедно имаат удел од најмалку 65 отсто во нејзината вкупна популација.

Меѓународниот монетарен фонд е без шеф од минатиот месец по оставката на Французинката Кристин Лагард која беше избор на лидери на ЕУ за наследник на Италијанецот Марио Драги во претседателската фотелја во Европската Централна банка.

ЕУ Избор кандидат Кристалина Георгиева ММФ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.