Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јапонците загрижени: Тропските температури се голем проблем за Игрите во Токио

0
By Нова ТВ on August 7, 2019 СПОРТ
Фото: phys.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 7, 2019 19:00

Најмалку 57 лица починаа во Јапонија во последните десетина дена како последица на високите температури. Топлотниот бран како факт го земаа во предвид и организаторите на Летните олимписки игри во Токио во 2020 година како потенцијална опасност по здравјето на спортистите и навивачите, па веќе отпочнаа со барање на начини за амортизирање на тешко подносливите жештини. Се размислува на комплет мерки од распрскувачи и пакувања со мраз до поставување на одмаралишта во сенка и шатори за освежување на контролните пунктови.

Веќе е извесно дека почетокот на маратонските трки, на пример, ќе бидат поместени за еден час порано и ќе стартуваат во 6 часот наутро – женскиот е закажан на 2 август, а машкиот на 9 август, последниот ден од Олимпијадата.

Во грижите на организаторите, покрај навивачите и спортистите, влегуваат и волонтерите, особено оние кои ќе бидат ангажирани во натпреварите на отворено.

„Маратонците ќе завршат со трката за, отприлика, два часа додека волонтерскиот персонал мора да остане многу повеќе“, вели 69 годишниот тркач, Јуки Ока.

Покрај маратонот, во тест фокусот на Јапонците ова лето ќе бидат и други спортови како одбојка на песок или рагби.

Температурата во Токио на 24 јули, денот на кој догодина е закажано свеченото отворање на Игрите, беше над 31. Целзиусов степен. Новинската агенција „Ројтерс“ ја пренесува јапонската Агенција за управување со природни непогоди според која билансот од тропските временски (не)прилики од 29 јули до 4 август е 57 починати лица во целата земја, а повеќе од 1.800 лица биле хоспитализирани само во Токио.

Агенцијата притоа потсетува и на ланските температури што во овој период од годината достигнаа рекордни 41,1 степен во северниот дел на Токио каде се организираа Олимписките игри во далечната 1964 година. Но, настанот пред повеќе од пола век, токму од тие причини, се одржа во октомври.

здравје Олимпијада Температури Токио
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 2, 2026Updated:July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

ВЕСТИ July 2, 2026

Во тешки руски воздушен напад врз Киев и други украински градови синоќа загинаа најмалку осум…

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026
ТИКЕР

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.