Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Паралела: Тројно помалку масакри во мандатите на Клинтон и Буш за разлика од Обама и Трамп

0
By Нова ТВ on August 7, 2019 СВЕТ
Фото: cincinnati.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 7, 2019 20:50

Масовните пукања за време на мандатот на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп се многу позачестени отколку за време на неговите претходници, Барак Обама, Џорџ Буш помладиот и Бил Клинтон. Причините за таквиот заклучок се гледаат во федералната забрана за користење на полуавтоматско оружје што беше на сила во периодот од 1994 година до 2004 година.

Според податоци на порталот „Мадер Џонс“, за повеќе од две и пол годишното претседателствување на Трамп, во масовни пукотници низ земјата биле убиени 250 лица додека за време на двата мандата (осум години) на Обама загинале нешто повеќе од 300 лица.

Бројките од црниот биланс за време на нивните претходници, Буш и Клинтон, се многу помали. Така, во САД за време на осумте години под водство на Клинтон (од 1993 година до 2001 година) во масовни пукања биле убиени околу 110 лица, а за време на претседателствувањето на Буш околу 125 лица.

Соодветно, и бројот на трагичните настани е драстично зголемен во владеењата на Трамп и на Обама. Од јанури во 2008 година досега во САД се случиле речиси 80 масовни пукотници или околу 55 повеќе за разлика од времето на администрациите на Клинтон и на Буш.

Според познавачите, наглиот раст на бројот на жртви од масовни пукања и на бројот на овие немили настани се должи на изминување на рокот на траење на федералната забрана за производство, трансфер и користење лесно полуавтоматско оружје од 1994 година.

Истата година, оваа забрана беше потпишана во закон од страна на претседателот Клинтон со рок на траење до 2004 година. Откако истече рокот, забраната не беше продолжена и законот повеќе не е на сила.

Интензивирањето на полемиката за контрола на оружјето во САД на почетокот 90-те години од минатиот век следуваше по три масовни вооружени напади за четири години што однесоа десетици животи.

Првиот се случи во 1989 година кога во основно училиште во Стоктон, Калифорнија беа убиени пет дечиња, а 32 лица беа ранети. Нападот беше предизвикан на расистичка основа.

Во масакрот во ресторан во Килин, Тексас во 1991 година, беа усмртени 23 лица, а 27 се здобија со повреди. Третата пукотница се случи во 1993 година во Сан Франциско во која смртно настрадаа осум лица, а шест беа ранети. Во сите три напади беше употребено полуавтоматско оружје.

Овие трагични настани беа причина за воведувањето на федералната забрана на лесно оружје од 1994 година.

жртви закон Масовно пукање напади САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
ФОКУС
April 28, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

ВЕСТИ April 28, 2026

 Премиерот Христијан Мицкоски многу сака да ја негира реалноста, да ја прикаже поинаку, ама очигледно…

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.