НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Играа, имаа шанси ама гол не дадоа: Вардар поразен од Македонија Ѓ.П.

0
By Нова ТВ on August 11, 2019 СПОРТ
Фото: facebook.com/FKVardarSkopje
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вардар имаше шанси, но не и реализација за разлика од Македонија Ѓ.П. која славеше со 2:0 во последниот меч од првото коло во новиот македонски фудбалски шампионат. Ветеранот Боби Божиновски, по асистенција на Бенјамин Демир, погоди во 21 минута, а трите бода за ѓорчепетровци ги осигура Сефер Емини во 89. минута.

„Црвено-црните“ одиграа во рамки на можностите на подмладениот и неосвежен ростер со оглед на забраната за трансфери за два преодни рока што најтрофејниот македонски клуб ја доби поради финансиските проблеми во кои западна во минатата сезона. Тоа резултира и со недобивање на лиценца за настап во квалификациите за Лига Европа иако обезбеди право на учество како вицепрвак.

Промашувањата на вардарци беа особено присутни во првото полувреме што го завршија со четири шанси за гол и погодена статива, но мрежата на Марко Јовановски остана мирна на тренинг комплексот „Петар Милошевски“ против Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Шанса за поправен и први бодови, Вардар ќе бара наредниот викенд во Велес против Борец.

Со пораз во новата сезона влезе и бранителот на титулата, Шкендија. Академија Пандев ги совлада тетовци со 1:0 со одличниот погодок на Сашко Пандев од слободен удар во 55. минута. Еден гол ` беше доволен и на Ренова за триумф на домашен терен против Силекс, Шкупи со 2:0 го порази Борец додека Струга Трим Лум со 2:1 беше подобра од Работнички.

Прва фудбалска лига, 1 коло

Вардар – Македонија Ѓ.П. 0:2

Академија Пандев – Шкендија 1:0

Шкупи – Борец 2:0

Струга Трим Лум – Работнички 2:1

Ренова – Силекс 1:0

Двојки за 2 коло

Борец – Вардар

Силекс – Шкендија

Работнички – Шкупи

Македонија Ѓ.П. – Академија Пандев

Ренова – Струга Трим Лум

Вардар Македонија Ѓ.П. ПМФЛ фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025
ФОКУС

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

ВЕСТИ August 9, 2025

Бројот на загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа се искачи на најмалку 20,…

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.