НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судските процеси за предметите на СЈО не можат да пропаднат без разлика на судбината на Јанева

0
By Соња Петрушевска on August 16, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обвиненијата за кои се водат судски процеси, а се покренати од Специјалното јавно обвинителство нема да пропаднат, без разлика на судбината на Катица Јанева.

Наталија Петровска од Коалицијата „Сите за правично судење“ за НОВА коментира дека е нон сенс да се помисли дека постапките за предметите ќе запрат ако Јанева повеќе не е шеф на СЈО.

„Катица Јанева е законски застапник на Специјалното обвинителство и таа си има свои заменици во секакви случаи . И ако е болна и ако е во неможност да ја врши својата работа има кој да ја замени. Судбината на ниту еден предмет не е загрозена“, вели Наталија Петровска од Коалицијата „Сите за правично судење“.

Петровска напоменува дека во меѓувреме ќе мора да се избере нов јавен обвинител и да се донесе новиот Закон за јавно обвинителство со кој се регулира и статусот на СЈО, за да се надминат дилемите кои очекувано ќе ги нагласат адвокатите на обвинетите за пролонгирање на судските процеси.

Дилемите ги отвора  Законот за СЈО во кој е наведено дека „Јавните обвинители во Специјалното јавно обвинителство немаат право да носат одлуки за спроведување и запирање на истражна постапка, подигање и откажување од обвинение и решенија за отфрлање на кривичните пријави, а имаат право да носат други одлуки во врска со предметите и да застапуваат пред надлежните судови“.

Ваквиот член ги ограничува обвинителите во СЈО во однос на постапките, но им дава право да ги застапуваат во судница предметите за кои веќе се водат рочишта.

Во однос на мандатот на специјалната јавна обвинителка, во Законот пишува дека „на Специјалниот јавен обвинител мандатот може да му престане по сопствено барање, ако трајно ја загуби способноста за вршење на функцијата јавен обвинител, ако ги исполни условите за старосна пензија, ако е избран или именуван на друга јавна функција или ако е осуден со правосилна судска одлука на казна затвор во траење од најмалку шест месеци или на пократка казна затвор или друга кривична санкција за кривично дело кое го прави недостоен за вршење на функција јавен обвинител.

Пред истекот на мандатот поради незаконито, нестручно и несовесно вршење на функцијата, специјалниот јавен обвинител може да го разреши  Советот на јавни обвинители кој треба да достави извештај за утврдената фактичка состојба и основите за разрешување до Собранието .

Дел од обвинетите во предметите на СЈО, веќе побараа од Судот да се одложат рочиштата додека не се расчисти случајот „Рекет“ и да се утврди која била улогата на Катица Јанева, но Судот ги одби.

Судијата Осман Шабани на барањето на адвокатот Василев судењето за „Титаник“ да се одложи  поради новонастаната ситуација и оставката на Јанева рече дека „има Обвинителство кое го води тој случај и ние немаме правна основа да го прекинеме судењето“.

За оставката на Јанева, Шабани објасни дека таа е условена до изборот на нов шеф.

Обвинетите во „Титаник“ побараа одложување на рочиштето поради „Рекет“

Екс градоначалникот Трајковски побара Јанева да биде изземена од „ТНТ“

Катица Јанева најави дека ќе поднесе оставка  истиот ден кога Обвинителството за организиран криминал ја отвори истрагата за Рекет. Оставката се уште не е доставена до Советот на јавни обвинители.

Предлог-законот за јавно обвинителство, со кој се предвидува претопување на СЈО во обвинителството за гонење организиран криминал,  влезе во собраниска процедура, но неизвесно е дали и кога ќе се обезбеди двотретинско мнозинство за негово изгласување.

 

Катица Јанева предмети Рекет СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.