Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

30 дена притвор за Катица Јанева

0
By Нова ТВ on August 21, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 21, 2019 21:11

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева доби 30 дневен притвор во Истражниот затвор во Шутка, но сепак ќе и биде дозволено да присуствува на погребот на нејзината мајка утре во Гевгелија.

Јанева денеска беше приведена и спроведена во Кривичниот суд, каде што попладнево и се слоши, па интервенираше екипа на Брзата помош. Доцна вечерва таа беше спроведена во Шутка.

Таа вчера беше на неколкучасовен распит во Обвинителството за организиран криминал во врска со случајот „Рекет“.

Јанева има право на жалба за определена мерка притвор во следните два дена пред Кривичниот совет.

Русковска: Истрагата за „Рекет“ останува е отворена 

Обвинителката Вилма Русковска вечерва на прес конференција пред Кривичниот суд изјави дека нема други осомничени во случајот „Рекет“, но нагласи дека истрагата е се уште отворена.

Таа потврди дека постои судир на интереси поради тоа што Павлески е адвокат на Јанева, а тој е и адвокат на Цветан Панделевски осомничен во предметот на СЈО „Империја“. Додаде дека на нејзино барање канцеларијата на Павлески презела обврска да ги откаже полномоштвата за другите осомничени во други предмети на СЈО.

Во врска со вчерашното сослушување на Јанева таа рече дека Јанева не била во својство на сведок, како то рече самата Јанева, туку како лице кое има информации. Негираше дека тоа што поминало подолго време од отворањето на истрагата за „Рект“ и апсењето на двајцата осомничени Јовановски и Милески, до апсењето на Јанева, ќе влијае на доказите во истрагата.

Таа потврди дека биле бришени податоци од неколку компјутери кои биле користени од стручните соработници на СЈО, но рече дека ниту еден од компјутерите на обвинителите не бил форматиран.

Павлески: Изненаден сум од одлуката на Обвинителството

Пред почетокот на распитот во Кривичниот суд, адвокатот на Јанева Стеван Павлески кажа дека е изненаден од денешната одлука на Обвинителството за организиран криминал и корупција да ја прошири истрагата за „Рекет“ и со Јанева и да се бара притвор за неа.

„Јанева е човекот кој гледаше либерално на притворот. Таа е единствената која  дозволуваше куќен притвор, враќање на патните исправи. Погледнете ги одлуките на Одделението за организиран криминал – тие немаа такво искуство, но ете тоа некој и го зема за зло. Таа е жртва во случајот и ќе го докажеме тоа“, рече Павлески.

 

 

Јанева притвор Рекет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026Updated:June 27, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

ВЕСТИ June 27, 2026

Ирска од 1-ви јули застанува на чело на ЕУ – во фокусот на проширувањето се…

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

June 27, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.