Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трчање за денот на независноста: Атлетски маратон во Охрид на 8 септември

0
By Нова ТВ on August 26, 2019 СПОРТ
Фото: sportzasite.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 26, 2019 00:03

На 8 септември ќе се одржи 33. Охридски атлетски маратон што традиционално се трча по повод Денот на македонската независност. Патеката долга 30 километри ќе води од Свети Наум до Охрид, а новитет од оваа година е воведување и на штафетна трка во три делници по десет километри. Првата измена ќе биде кај селото Трпејца, втората кај населбата Лагадин по што натпреварувачите ќе продолжат до крајната точка на кејот „Македонија“.

Пријавувањето за годинешниот Охридски атлетски маратон е започнато и ќе трае до 5 септември. Подигнувањето на стартните пакети е закажано на 7 септември во салата во СРЦ „Атина Бојаџи“. Котизацијата за сите учесници на маратонската трка е 900 денари и за штафетната трка изнесува 2.250 денари.

Охридскиот атлетски маратон е со меѓународен карактер и една е од најстарите атлетски манифестации на овие простори. Маратонот во континуитет се одржуваше од 1976 година до 1993 година. Почна како настан од локален карактер и со текот на годините се трансформира во републичка, сојузна, државна и меѓународна трка што бележи и постојан пораст на број учесници.

Иницијативата за Охридскиот атлетски маратон е на Живко Стојчевски, кој во 1976 година со помош од тогашната спортска асоцијација „Софка“, го организираше првото издание со само четворица учесници од Охрид. Стојчески беше дел од нив, победи и до денес е најтрофеен учесник на маратонот.

Охридскиот атлетски маратон редовно се одржуваше до 1993 година и беше организиран на 7 Ноември како спортски настан по повод Денот на ослободувањето на Охрид. По пауза од 10 години, а по иницијатива на покојниот проф. Влатко Димитров и други членови од сегашниот организационен одбор, во 2004 година беше возобновен со што продолжи традицијата на оваа голема атлетска трка.

8 септември атлетика Маратон независност Охрид
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.