Севкупниот победник во Светскиот куп во алпско скијање од последните осум сезони, Марсел Хиршер објави крај на кариерата. Австриецот се повлекува на 30 годишна возраст, а одлуката ја соопшти на прес-конференција во родниот Салцбург.
Хиршер во кариерата оствари 67 победи во Светскиот куп од кои 32 во слалом, 31 во велеслалом, три во паралелен слалом и една во супервелеслалом. Покрај осумте големи Кристални глобус, освои и по шест мали во слалом и во велеслалом.
На зимските Олимписки Игри во Пјонгчанг во 2018 година се закити со злато во велеслалом и во комбинација, а од Игрите во Сочи во 2014 година се врати со сребро во слалом. Во богата колекција има и седум златни медали и четири сребрени од Светските првенства.