Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ФИФА: Нема значителни пречки за Иранките да можат да влезат на стадион

0
By Нова ТВ on September 22, 2019 СПОРТ
Фото: indiatoday.in
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 22, 2019 14:16

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) порача дека не постојат „значителни оперативни препреки“ за укинување на четири децении старата одлука за забрана на Иранките да присуствуваат на фудбалски натпревари. Ваквиот заклучок на централата во Цирих доаѓа по инспекција на нејзина делегација во Иран и верува дека вратите на стадионот во Техеран ќе бидат отворени за припаднички на понежниот пол на 15 октомври кога националниот тим ќе игра против Камбоџа во квалификациите за Светското првенство во 2022 година.

Иранскиот министер за спорт, Масуд Солтанифар во четвртокот изјави дека на иранските жени ќе им биде дозволено да одат на стадиони и да ја гледаат машката фудбалска репрезентација.

„Направени се сите неопходни подготовки за жените да можат, првично само за меѓународни натпревари, да влезат на фудбалските стадиони“, истакна Солтанифар.

На стадионот „Азади“ во Техеран, каде репрезентацијата на Иран најчесто ги игра своите мечеви како домаќин, подготвени се одделни влезови, трибини и тоалети за жените. Исто така, ќе има дополнителен број на полицајци за жените да можат безбедно да влезат и да излезат од стадионот, додаде Солтанифар.

На жените во Иран веќе четири децении им е забрането да присуствуваат на фудбалски натпревари. Една жена неодамна почина откако се самозапали во знак на протест поради тоа што и беше изречена затворска казна за обид за гледање клупски натпревар.

жени забрана Иран ФИФА фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.