НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангеловски пред дуелите со Словенија и Полска: Сами сме кројачи на сопствената судбина

0
By Нова ТВ on October 4, 2019 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Езџан Алиоски ќе биде достапен само за еден меч, Енис Барди ќе биде неизвесен за двата настапа во октомври. Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски објави список со 23 играчи за претстојните натпревари во квалификациите за Европското првенство во 2020 година. Дарко Велковски воопшто не е земен во предвид за мечевите на 10 октомври против Словенија во Скопје и на 13 октомври против Полска во Варшава поради повреда, во националниот тим се враќаат Стефан Ристовски и Кристијан Тошевски.

„Сами се доведовме во ситуација да се надеваме на висок пласман во групата и убеден сум дека мечот со Словенија ќе биде наш најдобар во квалификациите. Можеме да победиме само ако играме како што знаеме и тимски. Не менуваме многу и сите мечеви ги играме со, речиси, истите фудбалери. Менуваме само кога мораме и имаме повредени. Верувам во овие момчиња“, истакна Ангеловски.

Мечот со Словенија е во четврток (10 октомври) на националната арена „Тоше Проески“ со почеток во 20.45 часот. Три дена подоцна ќе следува и гостување во Полска. Собирот на фудбалерите е закажан во понеделник (7 октомври, 12 ч.) во хотелот „Гранд Плаза“ во Скопје. Македонската репрезентација е четврта на табелата во групата Г со 8 бода колку што има и Израел на петтото место. Лидер по шест одиграни меча е Полска со 13 бода, два помалку од Словенија на втората позиција, Австрија е трета со 10.

Список на повикани фудбалери за дуелите со Словенија и со Полска во квалификациите за ЕП 2020

Голмани

Столе Димитриевски (Рајо Валјекано/Шпанија)

Дејан Илиев (Серед/Словачка)

Дамјан Шишковски (Работнички/Македонија)

Одбрана

Висар Муслиу (Види МОЛ/Унгарија)

Егзон Бејтулаи (Шкендија/Македонија)

Кире Ристевски (Ујпешт/Унгарија)

Стефан Ристовски (Спортинг Лисабон/Португалија)

Ѓоко Зајков (Шарлроа/Белгија)

Кристијан Тошевски (Вардар/Македонија)

Среден ред

Енис Барди (Леванте/Шпанија)

Аријан Адеми (Динамо Загреб/Хрватска)

Бобан Николов (Види МОЛ/Унгарија)

Стефан Спировски (Хапоел Тел Авив/Израел)

Езџан Алиоски (Лидс јунајтед/Англија)

Елиф Елмас (Наполи/Италија)

Марјан Радески (Шкендија/Македонија)

Љупчо Дориев (Академија Пандев/Македонија)

Напад

Горан Пандев (Џенова/Италија)

Иван Тричковски (АЕК Ларнака/Кипар)

Илија Несторовски (Удинезе/Италија)

Александар Трајковски (Мајорка/Шпанија)

Крсте Велкоски (Сараево/БиХ)

Влатко Стојановски (Олимпик Ним/Франција)

ЕП 2020 квалификации репрезентација список фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.