Еден од најдобрите македонски репрезентативци во средниот ред Аријан Адеми отпадна од комбинација за вечерашниот дуел со Полска во квалификациите за Европското првенство во 2020.
Капитенот на Динамо Загреб се пожали на повреда по мечот со Словенија, доби поштеда од селекторот Игор Ангеловски на првиот тренинг во Варшава, но сега и дефинитивно не е опција за настап.
Отсуството на Адеми е голем хендикеп за стручниот штаб и за македонскиот национален тим ако се има предвид дека селекторот Ангеловски, поради повреди, ги загуби и Енис Барди, Дарко Велковски, Крсте Велковски и Иван Тричковски.
Мечот меѓу фудбалските репрезентации на Полска и Македонија е вечерва од 20.45 ч. на стадионот „Народови“ во Варшава.