Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кобни резервисти: Полска ја совлада С. Македонија и се пласира на ЕП 2020

0
By Нова ТВ on October 13, 2019 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 13, 2019 23:06

Пржемислав Франковски и Аркадиуш Милик беа кобни за македонската фудбалска репрезентација во Варшава во квалификациите за Европското првенство во 2020. Во игра влегоа во последната четвртина од натпреварот и со нивните голови во 74. минута и во 80. минута ` донесоа победа на Полска со 2:0 што значи и заверка на пласманот на завршниот турнир во наредното лето. Двете реализација за домашната селекција дојдоа по аситенции на Роберт Левандовски.

„Црвено-жолтите“ одлично се држеа на стадионот „Народови“, но не успеаја да издржат до крај. Одбраната „пукна“ во 74. минута, а играчот за врска на Чикаго Фајр налета на топката со која го послужи напаѓачот на минхенски Баерн и со удар по земја ги крена на нозе гледачите на трибините.

Примениот гол ја наруши концентрација кај македонските играчи што се одрази шест минути подоцна. Не се затвори навреме Аркадиуш Милик во зоната на удар, па напаѓачот на Наполи и колега на Елиф Елмас го искористи просторот и стави печат на трите бода за полска селекција која. Покрај двата постигнати гола, Полјаците во два наврата ги тресеа рамките од голот на Столе Димитриевски.

Во претпоследното, деветто, коло на 16 ноември, македонските фудбалери ќе ` гостуваат на Австрија која вечерва славеше над Словенија во Љубљана со 1:0 и со 16 бода, пет повеќе од С. Македонија и Словенија, е на второто место во групата Г.

Полска – С. Македонија 2:0 (0:0)

Стадион: „Народови“ во Варшава. Гледачи: 58.000. Гл. судија: Антонио Матео Лахоз. Асистенти: По Себријан Девис и Роберто дел Паломар. Ж. картони: Реца, Беднарек, Шимански (Полска); Пандев, Николов, Несторовски, Спировски, Алиоски, Муслиу (С. Македонија). Стрелци: Франковски 74’, Милик 80’ за Полска.

Полска: Шчесни, Реца, Беднарек, Глик, Бережински, Криховјак, Горалски, Гросицки (Франковски 74’), Зиелински (Пјонтек 90’+2’), Шумански (Милик 68’), Левандовски. Селектор: Јержи Бржечек.

С. Македонија: Димитриевски, Ристевски, Муслиу, Ристовски (Радески 81’), Алиоски, Спировски, Николов (Стоилов 88’), Бејтулаи, Елмас, Пандев, Несторовски (Трајковски 74’). Селектор: Игор Ангеловски.

Квалификации за ЕП 2020 во фудбал

Група Ц

Белорусија – Холандија 1:2

Естонија – Германија 0:3

Табела: Холандија 15, Германија 15, Северна Ирска 12, Белорусија 4, Естонија 1.

Група Е

Велс – Хрватска 1:1

Унгарија – Азербејџан 1:0

Табела: Хрватска 14, Унгарија 12, Словачка 10, Велс 8, Азербејџан 1.

Група Г

Полска – С. Македонија 2:0

Словенија – Австрија 0:1

Израел – Летонија (вторник)

Табела: Полска 19, Австрија 16, С. Македонија 11, Словенија 11, Израел 8 (-1), Летонија 0 (-1).

Група И

Шкотска – Сан Марино 6:0

Кипар – Русија 0:5

Казахстан – Белгија 0:2

Табела: Белгија 24, Русија 21, Кипар 10, Шкотска 9, Казахстан 7, Сан Марино 0.

ЕП 2020 квалификации Македонија Полска фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.