НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нов мандат: Матеуш Моравјецки останува премиер на Полска

0
By Нова ТВ on November 9, 2019 СВЕТ
Фото: bankier.pl
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки ќе остане на функцијата по победата на конзервативната партија „Право и правда“ на парламентарните избори што се одржаа на 13 октомври. Но, за разлика од досега, најавени се мали кадровски измени во владиниот кабинет во однос на претходниот состав.

„Тоа е влада на континуитет и продолжување на „добрата промена “. Сакаме да направиме сè со цел ситуацијата на Полјаците за четири години да биде уште подобра. Полска сè повеќе ќе биде држава на благосостојба. Достигнувањето на просекот на Европската унија е клучна цел за нас. Полјаците треба да живеат подобро и да се гордееме со својата земја“, рече досегашниот и иден премиер Моравјецки, објавувајќи го составот на еднопартиската Влада на „Право и правда“.

Во новата влада, шеф на дипломатијата останува Јацек Чапутович, но одземени му се сите европски работи за кои досега беше задолжен неговиот заменик Конрад Шимањски, кој со целиот тим се сели во канцеларијата на премиерот Моравјецки.

„Во овој случај, промената е голема. Целата Дирекција за европски прашања ќе биде составен дел на Кабинетот на Премиерот. Го замолив заменик министерот Шимањски да ја продолжи својата мисија. Има тешки, напорни преговори за спроведување на европското законодавство во полската економија и влијанието на таа регулатива од страна на Унијата“, рече Моравјецки.

Поради амбициите на ЕУ во борбата против климатските промени, цели што настојуваат да ги достигнат и земјите од Вишеградската четворка, чии стопанства, особено полското, се повеќе се ориентирани на јаглен и имаат потреба од поголеми инвестиции во чисти технологии и енергија, полското Министерство за животна средина е поделено на две, Министерството за животна средина, кое ќе вклучува национални паркови, заштита на животната средина, едукација и лов и Министерството за клима.

Влада избори Матеуш Моравјецки Полска премиер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.