Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Исмајлоска за Мицкоски: Ги редеше покрај ѕид, сега ги тера да потпишат за „Северна“

0
By Нова ТВ on December 2, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 2, 2019 14:55

Нола Исмајлоска Старова од Независната пратеничка група изразува зачуденост од најавата на Христијан Мицкоски да им наложи на пратениците на ВМРО ДПМНЕ да потпишат и поднесат иницијатива за ратификација на протоколот за членство на Северна Македонија со одложено дејство што за неа и нејзините колеги од „осумката“ е „доказ за лицемерие на лидерот на најголемата опозициска партија“.

„Тој и наложи на пратеничката група да стои покрај ѕидот, сега на истата пратеничка група и наложува за Северна Македонија за протоколот за НАТО“, вели Исмајоска за Нова ТВ.

Потегот на Мицкоски, Исмајлоска Старова го толкува и како порака до пратениците што ќе ратификуваат протокол за членство во НАТО со географската одредница „Северна“, нема да бидат на листа на предвремените парламентарни избори што се закажани на 12 април.

Независната пратеничка група денеска одржа и прес-конференција по повод најавата на Мицкоски по која беше лиферувано и соопштение до медиумите. Во нејзино име се обрати координаторката, Емилија Александрова која рече дека лицемерието на лидерот на ВМРО ДПМНЕ го достигнува зенитот и по ваквото негово обезличување побара да се повлече од функцијата.

„Христијан Мицкоски, кој неколку пати го негира и потценува Јенс Столтенберг, Генералниот Секретар на НАТО, дека промената на името е неопходна, сега ќе наложи на пратениците да потпишат иницијатива за Северна Македонија да отпочне ратификација за членство во НАТО. Истите пратеници на кои пред само неколку дена им кажа дека не ги планира на идните пратенички листи. Лицемерието на Христијан Мицкоски го достигнува зенитот. Пред ниту една важна одлука нема јасен став, а сега сака, искористувајќи други луѓе, да креира слика дека НАТО му е многу важно. НАТО ќе беше невозможно без нашата лична одговорност и храброст да ги почитуваме постулатите за ЕУ и НАТО, но притоа соочувајќи се со терор поттикнат од лажни приказни што тој ги креира. Нашиот живот е загрозен поради манипулацијата на Христијан Мицкоски со дел од членството на ВМРО-ДПМНЕ. Но, овие денови кога македонското знаме се вее во Лондон човекот се обидува да фати чекор“, се вели во соопштението на независната пратеничка група.

Најавата на Мицкоски дека ќе наложи на пратениците на ВМРО ДПМНЕ да потпишат и поднесат иницијатива за ратификација на протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО со одложено дејство беше испорачана на неделната прес-конференција во седиштето на партијата.

ВМРО ДПМНЕ НАТО независни пратеници Протокол ратификација Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.