НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери: Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јазици нема да мине во Собрание

0
By Нова ТВ on December 11, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имаат процедурална можност да поднесат предлог за измени и дополнување на Законот за јазици, но мора да имаат предвид дека за тоа е потребно двотретинско мнозинство кое го сочинуваат немнозинските пратеници, најмногу пратеници Албанци, а за тоа кај нив нема расположение, изјави денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери.

„Во Собранието има група на закони што се носат со Бадентерово мнозинство и секој подносител на таков предлог би требало да има предвид дека конечната одлука зависи од волјата на тие што се немнозински пратеници. Во оваа ситуација, имајќи предвид дека мнозинството на немнозинските пратеници или Бадентеровото мнозинство го сочинуваат пратениците Албанци, предлагачите треба да обезбедат таква согласност. Законот за употреба на јазиците е донесен со такво мнозинство и секоја измена се донесува со такво мнозинство. Секој предлагач треба претходно да обезбеди такво мнозинство за да може да смета на минување на законот“, рече Џафери, по денешната конференција за реформите во разузнавачкиот сектор.

Според него, укажувањата од Венецијанската комисија не се обврзувачки, а донесените закони во Собранието треба да се спроведуваат се додека преку соодветна процедура на претрпат евентуална измена.

„Укажувањата на Венецијанската комисија се необврзувачки и не значи дека по автоматизам законодавниот дом треба да преземе соодветни мерки по нив. Што се однесува до укажувањето дека дел од институциите не се во можност во моментот да ги спроведат сите аспекти на Законот за употреба на јазиците, тоа е работа на институциите на кои се однесува законот и тие во соодветно време треба да обезбедат предуслови за да може да ги спроведат законските одредби. Впрочем секоја институција е должна да обезбеди инфраструктура за да ги спроведе законите онака како што ги донел законодавниот дом. Во тој контекст сметам дека ниеден предлагач кој и да е, во однос на евентуални дополнувања на Законот за употреба на јазиците, нема да најде соодветна поддршка кај пратениците Албанци, имајќи предвид дека тие го сочинуваат двојното мнозинство. Во дадениот момент мислам дека таква подготвеност кај пратениците Албанци не постои“, изјави Џафери.

Бадентерово мнозинство ВМРО-ДПМНЕ Закон за јазици измени Собрание Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.