НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фросина Ременски во Обвинителство на увид во доказите за „Меѓународен сојуз“

0
By Нова ТВ on December 13, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: balkaninsight.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратеничката Фросина Ременски денеска во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал врши увид во доказниот материјал во врска со случајот со невладината организација „Меѓународен сојуз“ во кој се опфатени пет физички лица и едно правно лице. Во име на првоосомничениот Бојан Јовановски – Боки 13, кој беше претседател на „Меѓународниот сојуз“, увид извршил неговиот адвокат Сашо Дуковски. Покана за увид во доказниот материјал од страна на Обвинителството е испратена и до Миле Јовановски, таткото на Боки 13, а вчера тоа го направиле потпретседателка на „Меѓународниот сојуз“, Јасна Мандиќ и Христина Блажевска, асистентка на Јовановски. Увидот е со цел осомничените да се подготват за давање исказ во Обвинтелството во текот на наредната недела.

Овој дел на истрагата, која Обвинителството ја отвори на 9-ти октомври против пет лица, се однесува на измамите со изградба на центри за возрасни лица, за кои беа барани пари од бизнисмените Силјан Мицевски, Ардијан Амзоски и други. Од Обвинителството соопштија дека врз основа на предистражна постапка е дојдено до сознанија што укажуваат дека во периодот од јули во 2017 година до април во 2018 година, првоосомничениот Боки 13 како претседател на осомниченото правно лице, искористувајќи документи од правното лице, довел и одржувал во заблуда двајца управители на две друштва за градежништво.

„Лажно прикажувајќи дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на центар за возрасни лица и мобилен сервис, а потоа и субвенционирање од страна на државата, тој од оштетените преку авторска агенција успеал да добие парични средства од 719.905 евра од едното правно лице и 233.821 евра од другото. Останатите осомничени лица со умисла му помагале на првоосомничениот во извршувањето на кривичните дела изготвувајќи договори, подигнувајќи ги уплатените средства и уплаќајќи средства на други правни лица по основ на позајмица или донација“, информираа од Обвинителството.

Ременски во октомври по давањето исказ пред судија на претходна постапка кажа дека не чувствува никаква вина. Додека докажува невиност во случајот, таа е суспендирана од функциите во Централниот и од Извршниот одбор на СДСМ за, како што рече премиерот Заев, да не влијае на политиката.

„Меѓународен сојуз“ обвинителство Рекет увид Фросина Ременски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.