НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Афера го тресе тенисот: Освојувач на три АТП титули и член на топ 30 местел мечеви

0
By Нова ТВ on December 19, 2019 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обложувалниците се повеќе земаат замав во скандалите во тенисот што досега, најчесто, се поврзуваа со допинг. Истрагата што е актуелна и трае веќе година и пол опфаќа дури 135 тенисери кои се најдоа на листата на сомнителни дека лажирале исходи на мечевите. Меѓу нив и претставници на Франција, на САД, на Белгија, на Шпанија.

Според германските медиуми „ЗДФ“ и „Ди Велт“, се чини дека истрагата води кон еден нивни репрезент со иницијали М.Х. а во скандалот со наместени натпревари се споменува и член на топ 30 на АТП листата кој има три турнирски победи во кариерата.

„Станува збор за мрежа на ерменската мафија која масовно се шири преку седум европски земји. Интелигентни се и манипулираат на највисоко ниво. Имаат луѓе кои се одговорни за сметки, за перење пари и за воспоставување на контакти со играчите“, нагласува заменикот Јавен обвинител на Белгија.

Тенисот е богат, но и скап спорт. Не е тајна дека се вртат милијарди евра, а тениските мечеви наводно се идеални за перење пари меѓутоа се идеални и од друг аспект. Се работи за индивидуален спорт и нема потреба од вклучување на повеќе играчи.

„Не станува збор само за играчи кои на таков начин ја решаваат сопствената егзистенција. Доста ги има и оние кои биле во топ 50 во светот“, вели некогашен 112. светски рекет, Марко Трунгелити за „Ди Велт“.

Медиумите за темата побараа мислење и од германската тенисерка со потекло од БиХ, Андреа Петковиќ.

„Знам доста тенисери и тенисерки кои биле контактирани. Нивна цел, воглавно, се играчи кои доаѓаат од посиромашните земји“, вели 32 годишната девојка од Тузла.

Кој би можел да биде осомничениот од топ 30 со три АТП титули? – Дилеми има неколку, но изборот е сведен на петмина. Тоа би можел да биде Италијанецот Матео Беретини, услов што го задоволуваат Аргентинецот Диего Шварцман, Австралиецот Алекс де Минаур, Французинот Беноа Пер и Грузиецот Николоз Басилашвили.

АТП Местење тенис Титули топ 30
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.