Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателски избори во Хрватска: Китаровиќ, Милановиќ и Шкоро фаворити за втор круг

0
By Нова ТВ on December 22, 2019 СВЕТ
Фото: index.hr
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, December 22, 2019 12:38

Во Хрватска денеска се одржуваат претседателски избори на кои 3,85 милиони граѓани со право на глас одлучуваат кој од 11-те кандидати ќе ја предводи државата во наредните пет години. Избирачките места се отворени во 7 часот, а ќе се затворат во 19 часот, додека првите прелиминарни резултати се очекуваат околу 20 часот.

Рекорден број набљудувачи, над 24.000, ја следат работата на изборните тела на претседателските избори. Избирачите во првиот круг од изборите ќе одлучуваат кој ќе влезе во вториот круг, што е извесно дека ќе биде одржан.

Како водечки тројца кандидати во речиси сите анкети се издвојуваат актуелната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, поддржана од владејачката ХДЗ, Зоран Милановиќ, кандидат на СДП и независниот кандидат Мирослав Шкоро.

Хрватската радиотелевизија (ХРТ), според најновата анкета, објави дека во вториот круг ќе влезат актуелната претседателка Грабар Китаровиќ со освоени 28,3 отсто гласови и поранешниот хрватски премиер, социјалдемократот Зоран Милановиќ со поддршка од 26,6 проценти.

Според анкетата, во случај Шкоро да мине во втор круг, би ја победил актуелната шефица на државата со разлика од 3,6 отсто од гласовите (Шкоро 48,7 проценти, а Грабар Китаровиќ 45,1 отсто). Од друга страна, ако во трката би останале Шкоро и Зоран Милановиќ, победничката разлика би била 5,6 отсто во корист на хрватскиот пејач.

Од вкупно 11 кандидати кои ќе учествуваат денеска на изборите, уште само европратеникот и поранешен судија на Стопанскиот суд во Загрем, Мислав Колакушиќ би освоил околу седум отсто, а сите останати се под три проценти.

Претседателот на Хрватска се бира на пет години, а последните претседателски избори се одржаа на 28 декември во 2014 година и вториот круг на 11 јануари во 2015 година, кога актуелната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ го победи тогашниот претседател Иво Јосиповиќ.

избори претседател Хрватска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 30, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

ВЕСТИ June 30, 2026

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња…

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.