Црна Гора ја порази Србија со 22:21 (полувреме 11:10) и на коло до крајот на групната фаза ја остави без шанси за топ 12 на 14. ЕП во ракомет. Немања Грбовиќ со 5 гола од пет обиди и Милан Божовиќ беа најефикасни црногорски ракометари во премиерната победа на нивната селекција на Европските првенства.
Пред нив е уште дуел со Белорусија во последното коло во А конкуренција, кој доколку го добијат, заедно со Хрватска, ќе се пресели во Виена во една од двете новоформирани групи на турнирот. Прв стрелец, пак, на мечот беше Србинот Лазар Кукиќ со шест погодоци. Хрватска во вториот меч во групата ја совлада Белорусија со 31:23.
Настапите на Европското првенство во прелиминарната фаза завршуваат и за Летонија. Балтичката селекција загуби од Холандија, во дуел на дебитантите на турнирот, со 24:32 (полувреме 10:16) и остана без шанси за една од првите две позиции во групата Ц.
Шпанија, пак во истата конкуренција, убедливо ја порази Германија со 33:26 (полувреме 14:11) во битката за бодови на шампионските репрезентации од последните две Европски првенства.
Актуелниот светски првак, Данска со пораз ги започна настапите во групата Е во Малме. Данците во воведниот меч загубија од Исланд со 30:31 (полувреме 15:15.
ЕП 2020 во ракомет (м)
Група А (Грац), 2 коло
Хрватска – Белорусија 31:23 (15:10)
Црна Гора – Србија 22:21 (11:10)
Табела: Хрватска 4, Белорусија 2, Црна Гора 2, Србија 0
Група Ц (Трондхајм), 2 коло
Шпанија – Германија 33:26 (14:11)
Летонија – Холандија 24:32 (10:16)
Табела: Шпанија 4, Германија 2, Холандија 2, Летонија 0.
Група Е (Малме), 1 коло
Данска – Исланд 30:31 (15:15)
Унгарија – Русија 26:25 (14:13)