НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сугарески: Опозицијата го блокира законот за легализација на дивоградби со 1.000 амандмани

0
By Нова ТВ on January 21, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески го оцени како неконструктивно поднесувањето на околу 1.000 амандмани на Законот за легализација на дивоградби од страна на опозицијата. Поднесените амандмани, според него, не претставуваат подобрување на текстот на законот, туку свесно блокирање на законските решенија кои се во интерес на граѓаните.

„Пред донесување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, популарно Закон за легализација, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа околу 1.000 амандмани со што свесно го закочија законот, со мала веројатност тој да се изгласа пред распуштање на Парламентот. Со тоа оставија преку стотина илјади граѓани во неможност да си ги легализираат нелегално изградените објекти“, нагласи Сугарески на денешната прес-конференција.

Тој ги повика пратениците од опозицијата да покажат конструктивност и да се изгласа предложеното законско решение. Сугарески очекува во текот на денот да ги види поднесените амандмани, а најавува дека ќе се обиде да разговара и да укаже дека ова што во моментот се случува е против интересите на граѓаните.

Прес-конференцијата на министерот следи по вчерашната седница на собраниската Комисија за транспорт и врски на која требаше да се разгледа ова законско решение, но поради големиот број поднесени амандмани, за него воопшто не стана збор. Претседателката на Комисијата, Лилјана Затуровска најави дека продолжението на седницата ќе биде дополнително закажано.

Според Предлогот за легализација на дивоградби изградени заклучно со 1 октомври 2019 година, што го утврди Владата, ќе се плаќаат 100 проценти комуналии за објектот, како и казна во износ од 50 проценти од комуналиите, додека за бесправните електронски комуникациски мрежи надоместот ќе изнесува 10 евра по квадратен метар од изградена површина. За оние кои поднеле барање според стариот закон ќе важат одредбите според кои за легализација ќе се плаќа по евро за квадратен метар.

Предлог-законот не ги опфаќа сите видови бесправни објекти изградени во границите на Охридскиот регион во кој се наоѓа природното и културното наследство запишано во списокот на Конвенцијата на УНЕСКО, во границите утврдени со Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион како и станбените згради и нивните доградби и надградби.

амандмани Горан Сугарески дивоградби Закон за легализација Македонија опозиција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.