Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шекеринска: Убедена сум дека на избори ќе одиме како 30. членка на НАТО

0
By Нова ТВ on January 23, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 23, 2020 16:10

Сигурна сум дека изборите ќе ги организираме како 30. членка на НАТО, изјави денеска вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска во врска со последната 29-та ратификација на Протоколот за нашето членство во Алијансата која наскоро треба да се случи во Парламентот во Шпанија, а ќе следи и во нашиот Парламент.

„Една работа е нашиот процес на ратификација, втора работа е ратификацијата во шпанскиот Парламент и завршувањето на целиот овој процес, а трета, различна, работа се изборите. Сигурна сум дека изборите ќе ги организираме како 30. членка на НАТО и по 30 години вртење во место, по 30 години ветувања на многу политички елити, ќе имаме чест и одговорноста што сме биле тука при постигнување на тој најголем успех. Мислам дека тоа ќе биде најголемиот плус, најголемиот резултат кој што дури и критичните граѓани ќе го поздрават со релаксација и здивнување. Долго време се плашевме дека на првата кривина нешто ќе се случи, спротивно на нашите интереси. Покажавме дека ова го почнавме и за две и пол години го крунисавме со успех. Тоа е успех на Владата, меѓутоа тоа е, пред се, успех на нашата држава, рече Шекеринска.

Членството во најмоќниот воено-политички сојуз станува реалност како заеднички успех и резултат на одлучноста на граѓаните и на одговорните државнички политики во изминатите две години, рече таа и ги оцени како охрабрувачки последните вести од Шпанија.

Фото: catalannews.com

„Станува јасно дека нашиот приоритет е приоритет и на НАТО и на земјите членки на НАТО. Новоформираната шпанска Влада го пушти законот за ратификација во брза постапка. Северна Македонија како 30. членка на НАТО звучи гордо, но и моќно, безбедно, сигурно и стабилно. За нашата земја ова е историски, а за нас, генерациски успех. Тој претставува исполнување на стратешката цел на повеќе генерации. Тој успех значи и повеќе пари во економијата. Тоа го потврдија четирикратното зголемување на странските директни инвестиции, последните движењата на берзата, 60.000 работни места и зголемените плати и пензии. Одговорноста на сите нас е оваа стратешка цел која ја постигнаве да ја чуваме во интерес на државата, на граѓаните, на денешните на следните генерации Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци“, рече Шекеринска.

Таа како одговорна министерка во ресор, кој е директно врзан со членството во НАТО, предупреди на опасноста од заговарање идеи за поништување или повторно отворање на Договорот од Преспа, без кој, нагласи, нема членство во НАТО, нема стопроцентна безбедност, стабилност, сигурни граници и обезбедена иднина.

„Политичките опции кои заговараат отворање, преотворање или укинување на договорот, носат опасност за државата и создаваат сериозни проблеми за сите нас. Најновата намера или манипулација дека одредени политички сили ќе се обиделе да го ревидираат, повторно да го отворат за преговори Преспанскиот договор, токму во овие финални чекори до членство во НАТО е крајно неодговорно и опасно. Тоа го урива нашиот имиџ како држава, тоа ја урива довербата која во нас ја има не само Алијансата, туку и највлијателните земји членки. Без разлика дали овие наводи се манипулативни или сериозни, да се чепка во договорот од Преспа кој е склучен меѓу два соседа со силна поддршка на меѓународната заедница е исто како повторно овде на Балканот да се пали бурето барут“, рече министерката за одбрана.

Таа потсети дека по Букурешкиот самит на НАТО во 2008 година, беше јасно укажано дека без договор со Грција за името не можеме да го оствариме нашиот стратешки интерес – членството во Алијансата, како и дека по цела деценија од тогаш ВМРО-ДПМНЕ никогаш не успеала да постигне договор, ниту решение со кое целосно ќе се признае идентитетот на Македонците, користењето на македонски јазик, македонско државјанство, како и кодовите МКД и МК. Додаде дека тоа и успеа на оваа политичка Влада и постигна договор за спорот.

„Поништувањето на договорот би не вратило назад не години туку повторно децени во нова неизвеснот и изолација. Тоа не смее да се дозволи бидејќи сеќавањата за тој период се уште се свежи кај граѓаните“, рече Шекеринска.

Таа ја повика уште еднаш опозицијата да го поддржи законот за одбрана, како стратешки државен приоритет, кој треба да се донесе со двотретинско мнозинство, посочувајќи дека оној кој е против него е против членство во НАТО.

Владата на Шпанија завчера го одобри и го достави на усвојување во Парламентот протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО. Премиерот Педро Санчез побара од Парламентот протоколот да биде ратификуван по итна постапка имајќи предвид дека Шпанија е последна од 29-те членки на НАТО што тоа го нема направено.

Фото: independent.co.uk

„Неопходно е ратификацијата да биде по итна постапка со цел да не се одложуваат заложбите на Шпанија како сојузник во НАТО за прием на Северна Македонија во Алијансата“, се вели во образложението на шпанската Влада.

Спикерот на македонското Собрание, Талат Џафери денеска најави дека на 11 февруари ќе закаже седница за ратификација на Протоколот за членство во НАТО. Доколку Шпанија до 11 февруари не го ратификува Протоколот, тогаш нашата ратификација ќе биде донесена со одложено дејство.

избори Македонија НАТО Протокол Радмила Шеќеринска членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.