НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонците со најмали шанси за азил во ЕУ

0
By Нова ТВ on February 26, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската агенција за азил (ЕАСО) во својот извештај за 2019 година констатира дека за првпат е зголемен бројот на барања за азил во ЕУ, а растот се должи на лица од земји со кои ЕУ го укинала визниот режим.

Лани биле поднесени над 714.000 барања за азил во ЕУ, што претставува зголемување од 13 отсто во споредба со 2018 година, и за прв пат имало повеќе барања отколку за време на бегалската криза во 2015 година.

Но, вели ЕАСО, „зголемувањето не се должи главно на нередовната миграција, туку на апликации од земји кои имаат слободен визен режим со Шенген зоната“.

Најголемиот дел од растот доаѓа од големиот број апликанти на кои не им е потребна виза за влез во Шенген зоната, што објаснува зошто барањата за меѓународна заштита се зголемени, а детектираните нелегални влезови на надворешните граници се намалени. Меѓу нив се наоѓаат лица од Венецуела, Колумбија, Хондурас и Ел Салвадор, но и од западниот Балкан.

Меѓутоа, предупредува ЕАСО, лицата од западен Балкан имаат најмалку шанси да добијат каква било меѓународна заштита или статус на азилант.

Стапката на признавање на азилантски статус во ЕУ е 33 отсто. Најмногу добиваат Сиријците со 85 отсто, Јеменците со 82 отсто и Еритрејците со 81 отсто, додека најниска стапка на одобрување на азил имаат Македонците и Молдавците со еден отсто. Слаба е стапка на признавање и за лицата од Венецуела и Колумбија, меѓу пет и седум отсто.

Македонците се, исто така, меѓу лицата кои најмногу повторно аплицираат откако ќе бидат одбиени: една третина од нив го прави тоа и покрај фактот што имаат најмалку шанси да добијат.

азил апликации ЕАСО ЕУ Извештај Македонци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.