НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владините препораки за заштита од коронавирус остануваат на сила

0
By Нова ТВ on March 2, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владините препораки за заштита од коронавирусот остануваат на сила и за текот на оваа недела. Викендов беа откажани јавни собири, како и карневалите во Прилеп и Струмица. Нов потврден случај на коронавирус во земјава нема, а жената со дијагностициран Ковид-19 на Инфективната клиника е во добра здравствена состојба.

Владата во петокот излезе со препорака за откажување на поголемите јавни собири, спортски настани, културно-уметнички и забавни манифестации. Препораката важи до 6 март за сите активности, особено за оние за кои се очекува присуство на голем број граѓани и на кои се очекуваат гости од странство. Беа откажани Струмичкиот карневал и Карневалот „Прочка“ во Прилеп, а повеќето спортски настани се одржуваа без присуство на публика.

Останува на сила и препораката до компаниите и до институциите да не дозволуваат на лицата кои во овој период биле во Италија да одат на работа и ги потсети да останат во изолација во домашни услови 14 дена, период колку што трае инкубацијата на вирусот, како и препораката да не се патува во земјите каде има епидемија, без некоја поголема потреба.

Властите смируваат дека нема простор за паника, бидејќи ситуацијата будно се следи од страна на експертите епидемиолози од Комисијата за заразни болести. Ги уверуваат граѓаните дека сите мерки што се преземени од надлежните институции ги постигнаа очекуваните резултати и дека превенцијата и контролата за спречување на ширењето на коронавирусот се остваруваат целосно.

Граѓаните треба да ги почитуваат препораките за заштита од коронавирусот, меѓу кои и задолжително и често миење на рацете со сапун и вода и тогаш кога не се видливо нечисти или да се користи чистач за раце што содржи алкохол, а при кашлање или кивање да се заштитат устата и носот со марамче или со дланката. По употреба, марамчињата да се фрлаат во затворени канти, а при кашлање или кивање, како и при грижа за болни, задолжително да се мијат рацете.

Влада Коронавирус Македонија препораки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.