НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европарламентот ќе бара одговори од ЕК за унгарските пари во македонски медиуми

0
By Нова ТВ on March 6, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Унгарските финансиски операции во словенечките и македонските медиуми ќе се најдат на дневен ред пред европските пратеници на пленарна седница. Европскиот Парламент ќе дебатира за „унгарското мешање“ во медиуми во Словенија и во Северна Македонија, потврди словенечката европратеничка, Ирена Јовева, на својот Твитер. Во писмен одговор на прашањата на дописничката на МИА од Брисел, Јовева објаснува дека сознанијата од словенечкиот веб портал „necenzurirano.si“ навеле повеќе европратеници да побараат од одговори од Европската Комисија.

„Според документите објавени на порталот, во изминатите години унгарскиот политички врв, преку една од своите банки и помагачи во Словенија водел голема меѓународна политичко-медиумска операција во С. Македонија со цел да се сруши тамошната влада, како и договорот за зачленување на земјата во НАТО. Во оваа операција, наводно, клучна улога имале унгарските сопственици на медиумите блиски до словенечката партија СДС, кои во тоа време беа финансирани од тие фирми блиски до Виктор Орбан“, објаснува Јовева.

Според објавените информации, станува збор за пренесени четири милиони евра во Словенија преку тие фирми, од кои 1,5 милиони останале во Словенија, а 2,5 милиони се наменети за Северна Македонија.

„Од Европската Комисија бараме одговор да каже како ќе се осигури дека земјите членки на ЕУ не се мешаат во демократските процеси на други земји членки или земји кандидатки за членство“, вели европратеничката од Словенија со македонско потекло.

Иако таа повеќе ја следи ситуацијата во Словенија, отколку во Северна Македонија, вели дека е уверена оти е еднакво лоша за двете земји во овој поглед, со тоа што Северна Македонија се наоѓа во дополнително почувствителен период со оглед на претстојната одлука на Советот за почеток на преговори како и претстојните парламентарни избори.

„Секако, тие што се чувствуваат нападнати ќе речат дека финансирањето од странство е легално, но овие текови се невообичаени, да не речам спорни. Како поранешна новинарка, многу добро знам колку е важна слободата на медиумите и многу добро знам дека тие што се чувствуваат нападнати ќе одговорат со напади, можеби и на лично ниво“, вели Јовева. 

Спорните медиуми за кои станува збор во Словенија, се „токму такви“, додава европратеничката.

„Точно тоа е проблемот со овие медиуми за кои ќе разговараме во среда, како „Нова24ТВ“ на пример. Пропаганда на дезинформации, говор на омраза, лаги, јас не можам да го прифатам тоа како нешто нормално, на таков начин, по секоја цена, да се искажува лојалност кон „десната политика“, заклучува Ирена Јовева во своите одговори.

Партијата СДС во Словенија пред неколку дена ја доби премиерската фотелја, откако Марјан Шарец даде оставка, во фотелјата седна дологодишниот сојузник на Виктор Орбан и Никола Груевски, Јанез Јанша. Македонските медиуми во кои најверојатно се истурале овие пари се исто така блиски до Груевски, како „ТВ Алфа“, „Курир“, „Република“, „Нетпрес“.

Европски парламент Македонија медиуми Словенија Унгарија финансирање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.