Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Живо) Седница на шпанскиот Сенат за ратификација на Протоколот на Македонија во НАТО

0
By Нова ТВ on March 17, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 17, 2020 12:50

Шпанскиот Сенат за денеска во 13 часот закажа седница со единствена точка на дневниот ред – ратификација на Протоколот на Македонија во НАТО што претставува голем гест на официјален Мадрид кон нашата земја ако се има предвид актуелната состојба во светот што го тресе пандемија на коронавирус. Седницата и гласањето заеднички ќе го следат министерот за надворешни работи, Никола Димитров и амбасадорот на Шпанија во земјава, Лоренцо Сера по што е најавена и заедничка прес-конференција.

Усвојувањето на документот се очекува да биде формалност и да мине по брза постапка. Ова го соопшти првиот потпретседател на Сенатот, Кристина Нарбона, која, исто така, објави дека остатокот од парламентарните активности за цела оваа недела се откажани.

Протоколот, на 27 февруари доби зелено светло од Долниот дом на шпанскиот Парламент. Протоколот кај нас, пак, беше ратификуван со одложено дејство, заради распуштањето на Собранието и предвремените парламентарни избори.

Шпанија е последната земја членка на НАТО која сè уште го нема ратификувано Протоколот за членство на Македонија во Алијансата, откако сите други 28 држави го сторија тоа. Причина за одолговлекување беа ноемвриските избори на кои победи Социјалистичката партија на старо-новиот премиер, Педро Санчез. Преговорите за формирање на новата Влада во Мадрид траеја со недели и завршија на Божик со коалиција со РКС, најголемата сепаратистичка партија во Каталонија, која влезе во „брак“ со „Унидас Подемос“ во замена за разговори во наредниот период за решавање на статусот на покраината.

Шпанија е силно погодена со вирусот Ковид-19. Во земјата се регистрирани над 7.753 заразени лица, а бројот на починати пред два дена достигна 288, соопштија тамошните власти. Земјата има 46 милиони жители и се наоѓа во целосна изолација во обид за спречување на ширењето на коронавирусот. Шпанскиот премиер, Педро Санчез детално ги образложи мерките во рамки на двонеделната вонредна состојба. Тие се исти како и во Италија.

Граѓаните смеат да ги напуштат своите домови за купување на храна, на лекови, за посета на лекар или одење на работа. Затворени се сите продавници за производи што не се неопходни, не работат училиштата и факултетите, музеите, баровите, ресторани, хотели и спортски објекти. Во многу региони се откажани и верските церемонии во пресрет на калотичкиот Велигден на 11 април.

Македонија НАТО Протокол ратификација Сенат Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.