НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шпанскиот Сенат едногласно го ратификува Протоколот за членство на Македонија во НАТО

0
By Нова ТВ on March 17, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шпанскиот Сенат на пленарна седница едногласно го ратификува Протоколот за членство на Македонија во НАТО. Гласањето беше без физичко присуство на сенаторите, поради состојбата со коронавирусот во земјата.

„Со нула гласови „против“ шпанскиот Сенат го ратификува Протоколот. Во име на Владата и сите македонски граѓани изразувам благодарност до Шпанија, шпанскиот Сенат, до министерката за надворешни работи што ова прашање беше ставено на дневен ред во вакви тешки околности и во светот и во Европа и за Шпанија“, истакна шефот на дипломатијата, Никола Димитров на заедничката-прес-конференција во Владата со шпанскиот амбасадор Емилио Лоренцо Сера.

Димитров потсети дека Шпанија е 29 и последна земја-членка на НАТО што го ратификуваше Протоколот.

„Таа сега ќе го депонира инструментот на ратификација во Стејт департментот, Вашингтон ќе ја испрати информација до НАТО во Брисел и ние и официјално ќе бидеме поканети да го депонираме нашиот инструмент, односно законот за ратификација на Северноатлантскиот договор кој беше усвоен во Собранието“, рече Димитров и додаде дека со ова е завршен тридеценискиот процес за влез на Македонија во северноатлантското семејство.

Седницата се одржа со видеолинк, а сенаторите гласаа без физички да бидат присутни во Сенатот, поради состојбата со коронавирусот, со оглед на тоа што Шпанија е во категоријата на високоризични држави. На седницата физички присуствуваше претседателот на Сенатот, Пилар Лоп и уште неколкумина.

По ратификацијата во Парламентот во Мадрид се очекува само уште потпис од шпанскиот крал. Протоколот, на 27 февруари доби зелено светло од Долниот дом на шпанскиот Парламент.

 

Македонија НАТО Протокоол ратификација Сенат Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.