НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кинeски власти: Јапонски лек е ефикасен во борбата со коронавирусот

0
By Нова ТВ on March 20, 2020 ВЕСТИ
Фото: theguardian.com/AP
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кинеските медицински власти соопштија дека лекот што се користи во Јапонија за лекување на нови видови грип се чини дека е ефикасен кај пациенти со коронавирус, јавуваат јапонските медиуми. Анганг Ксинмин, службеник во кинеското министерство за наука и технологија, рече дека Фавипиравир што е развиен од подружница на „Фуџифилм“, создал охрабрувачки ефекти во клиничките испитувања во Вухан и Шенжен во кои учествувале 340 пациенти.

„Има висок степен на безбедност и јасно е ефикасен во третманот“, изјави Ксинмин.

Пациентите кои биле третирани со лекот во Шенжен, станале негативни на вирусот по четири дена од позитивните тестови, во споредба со оние кои 11 дена не биле лекувани со лекот, соопшти јавниот радиодифузер НХК.

Покрај тоа, Х-зраците потврдија подобрување на состојбата на белите дробови кај околу 91 отсто од пациентите кои биле третирани со Фавипиравир, во споредба со 62 отсто од оние без лекот.

„Фуџифилм Тојама Хемикал“, кој го разви лекот – познат и како Авиган во 2014 година, одби да ги коментира тврдењата. Акциите во фирмата, сепак, пораснаа во средата за 14,7 отсто и достигнаа цена од на 5.207 јени, по коментарите на Ксианмин.

Лекарите во Јапонија користат идентичен лек во клинички студии на пациенти со коронавирус со благи до умерени симптоми, надевајќи се дека тоа ќе го спречи вирусот да се размножува кај пациенти. Но, јапонски извор од Министерството за здравство посочи дека лекот не бил толку ефикасен кај луѓе со посериозни симптоми.

„Ние дадовме на Авиган на 70 до 80 лица, но се чини дека не функционира толку добро кога вирусот веќе се размножува“, рече изворот за Маничи Шимбун.

Истите ограничувања беа утврдени и во студиите кои вклучуваат пациенти со коронавирус кои користат комбинација на Лопинавир и Ритонавир, антиретровирусни ХИВ, додаде изворот.

Во 2016 година, јапонската влада обезбеди Фавипиравир како итна помош во борба против вирусот ебола во Гвинеја. Но, за целосна употреба врз пациент со Ковид-19 ќе треба одобрение од Владата, бидејќи првично беше наменет за лекување на грип. Маничи добил најава од здравствен службеник дека би можело да се случи веќе во мај, но „доколку резултатите од клиничките истражувања се одложат, ќе се одложи и одобрувањето на лекот“. 

Јапонија Кина Коронавирус лек Фавипиравир
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.