Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) До кога ќе траат рестриктивните мерки

0
By Нова ТВ on April 2, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 2, 2020 23:22

Актуелните рестриктивни мерки што се применуваат во Македонија во борбата за спречување на ширењето на коронавирусот ќе траат најмалку до крајот на април. Ова го истакна министерот за здравство, Венко Филипче во интервјуто за Нова ТВ. Ги оцени како добри, дека го даваат посакуваниот резултат, а образложи и зошто ќе останат на сила заклучно со четвртиот месец од 2020 година.

„Овие мерки ќе траат до крајот на месец април. За тоа сме сигурни. Затоа што на тоа ни укажува времето на инкубација на кое биле пациентите кои секојдневно се дијагностицираат, нивната поврзаност со кластери што се веќе познати во нашата земја и затоа што овие рестриктивни мерки веќе даваат резултат, а тоа е линеарното зголемување на бројот на пациенти, а не експоненцијалното“, рече првиот човек на македонското здравство.

Прогнози до кога би траеле рестриктивните мерки во државата, пошироко во регионот, во Европа, па и светот, никој со сигурност не може да каже. Затоа, како што вели Филипче, секоја земја си има свој автентичен пристап што е детерминиран од фактори како организацијата на здравствениот систем, од бројот на здравствени работници што ги има на располагање, од епидемиолошките карактеристики на населението. Целта е, како што велат епидемиолозите, да се развлече т.н. епидемиолошка крива.

„Стратегијата на експерти и на Светската здравствена организација, ќе парафразирам е игра „топло-ладно“. Што значи тоа? – Кога бројот на ново дијагностицирани пациенти во одреден период ќе падне, односно да не биде голем, туку да оди линеарно, мерките на рестрикција постојано ќе се намалуваат и попуштаат“, потенцира Филипче.

Министерот за здравство истакна дека епидемиолошката состојба се следи интензивно и секојдневно и во зависност од тоа, ќе зависат и мерките дали ќе бидат поригорозни или ќе олабавуваат.

„Рестриктивните мерки може да се останат во одредени региони, по одреден број на недели или месеци, доколку се појави некоја втора крива, нешто за што сега има најава во Кина. Кинезите тоа го толкуваат со внесување на случаи од странство, па затоа го ограничија влезот на странски државјани, посебно во тие региони. Значи дека интензивно и секојдневно се следи епидемиолошката состојба и врз основа на ново дијагностицираните случаи, врз основа на нивната поврзаност со потеклото на инфекцијата, односно со кластерите, се прави стратегија како да се продолжи натаму, како да се интензивираат или како да се попушти со дел од рестриктивните мерки“, порачува Филипче кој е дециден дека борбата со коронавирусот ќе заврши во оној момент кога се добие вакцина.

Венко Филипче Времетраење интервју Коронавирус мерки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.