НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Минавме многу премрежја во минатите 27 години, да останеме обединети и силни

0
By Нова ТВ on April 8, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Mинавме низ многу тешки моменти и премрежја во изминатите 27 години. Со мудро лидерство и разумни политики, сплотени и посветени успеавме да ги надминеме сите пречки и премрежја. Сите успеси што ги постигнавме по членството во Обединетите Нации (ОН) беа благодарение на нашата посветена работа, на заедничкиот труд и обединетоста на народот, напиша премиерот Оливер Спасовски на неговиот Фејсбук профил по повод одбележувањето на 27 години од приемот на земјава во Организацијата на обединетите нации.

„Да останеме обединети, силни и посветени и во овие тешки моменти. И ова ќе мине. Да веруваме во нашите капацитети и способности. Да ја направиме опасноста од коронавирусот да биде триумф на нашето знаење, на професионалноста на нашите институции и на солидарноста на нашиот народ“, порачува Спасовски.

Денес, 8 април, се одбележуваат 27 години од приемот на нашата држава во Организацијата на Обединети Нации (ООН). Во 1993 година, земјава беше примена во ОН под привремената референца „Поранешна Југословенска Република Македонија“. Денес одбележуваме 27 години полноправно членство во ОН како Република Северна Македонија.

Членството во ОН помогна за етаблирање на нашата држава на меѓународна сцена, како самостојна и независна држава, и како еднаков дел од меѓународното семејство на народи.

Во приемниот говор во ОН, Претседателот Глигоров ги постави темелите на нашите вредности и ги зацрта нашите најважни приоритети во надворешната политика, на кој и денес сме посветени и кои неуморно ги реализираме.

Претседателот Глигоров истакна дека со самостојноста и членството во ОН „се круниса повеќевековниот стремеж на македонскиот народ и неговата 130 годишна борба за слобода и независна држава“. Воедно, кажа и дека „највисока цел претставува остварувањето на човековите права и особено на правата на националностите и етничките групи што живеат во Република Македонија. Таа денес е татковина на македонскиот народ, на Албанците, на Турците, на Србите, на Ромите, на Власите и на претставниците на други националности.

„Ги затворивме сите прашања со соседите. Немаме отворени прашања и единствена земја сме на Балканот што може да го каже тоа. Воедно, поставивме пример за другите дека со дипломатија и дијалог, со разбирање и толеранција, можат да се решат најгорливите прашања и да се добијат нови пријатели и сојузници. Ние активно ја поддржуваме и развиваме регионалната соработка за да биде во функција на мирот, стабилноста и просперитетот на сите граѓани во нашиот регион“, вели премиерот Спасовски.

Темелите на нашата надворешна политика се цврсти и непроменети, откако беа посочени од претседателот Глигоров на 8 април во 1993 година при приемот во ОН, и се базираат на Повелбата на Обединетите нации – јакнење на меѓународниот мир и безбедност, развивање на економската соработка и заштита на човековите права, како предуслови за побезбеден и праведен свет за сите”.

Како што тогаш кажа претседателот Глигоров, „Република Македонија сака и подготвена е да го даде својот придонес во решавање на меѓународните конфликти во согласност со резолуциите на Советот за безбедност, во интерес на мирот и на безбедноста“. Денес, земјава е 30. земја членка на НАТО, рамноправно ќе дава придонес со сојузниците во најмоќната политичка и воена алијанса во историјата на човештвото за одржување на безбедноста и мирот во светот.

Воедно, Глигоров ја посочи и втората цел – „Република Македонија како европска држава се стреми да стане член на Заедницата на европските народи“. Во март оваа година, ЕУ донесе позитивна одлука за Република Северна Македонија да ги започне преговорите за членство во Унијата.

Македонија Оливер Спасовски ОН премиер членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.