Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата одобри 120.000 евра за Богословскиот факултет и Факултетот за исламски науки

0
By Нова ТВ on April 10, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 10, 2020 15:31

Православниот богословски факулет (МПЦ) и Факултетот за исламски науки (ИВЗ), со одлука на Влада, ќе добијат 120.000 евра од државниот Буџет. Дознаката за трансфер на средствата е насловена „за реализација на студиски програми за 2020 година“ и одобрена е преку вонредните владини мерки за амортизирање на финансискиот удар од корона-кризата на што се пожалија претставници на двете најголеми верски заедници во земјата во изминатите денови.

Ваквата одлука на Владата е објавена во завчерашниот број на „Службен весник“. Четири и пол милиони денари или околу 73.000 евра ќе одат „за реализација на студиската програма“ на Православниот богословски факултет, а три милиони денари или околу 49.000 евра за истата намена ќе завршат кај Факултетот за исламски науки – Скопје.

Наменски средства во висина од десет и пол милиони денари или околу 170.000 евра ќе бидат насочени и кон Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово.

Поглаварот на Исламската Верска Заедница, реисот Сулејман Реџепи за време на гостување на гостиварската ТВ „Глоби“ на 6 април рече дека ИВЗ е во криза поради актуелната состојба со коронавирусот при што истакна дека е побарана помош од Владата.

„Јас го побарав нашиот дел. Владата да биде внимателна што прави. Имаме повратен одговор во кој се вели дека барањето е прифатено и дека е испратено на разгледување во секторот за финансии на Министерство за економија. Побарав од генералниот секретарот Мирсад Јакупи да контактира со Бујар Османи, кој е член на кризниот штаб и вицепремиер, дали има нешто? – Тој вели дека нема ништо досега. Ќе ги потсетам малку поинаку, со писмо, затоа што не дај Боже ние да ги суспендираме одлуките, нема сила што ќе може да се бори против епидемијата, ви гарантирам, тогаш тука ќе стане Бангладеш“, рече Реџепи во емисијата на ТВ „Глоби“.

Со реакција дека и Македонската Православна Црква е погодена од корона-кризата се јави и митрополитот на дебарско-кичевската Епархија, владиката Тимотеј. Неговото образложение е дека, речиси, пола од приходите на манастирите и црквите доаѓаат за Велигден што оваа година ќе се одбележува на поинаков начин за разлика од изминатите години поради вонредната состојба во државата, владините мерки за ограничување на движењето на граѓаните во борбата за спречување на ширењето на коронавирусот и придржувањето до препораките да нема масовни собири, со тоа и литургии.

Влада ИВЗ Корона-криза МПЦ одлука факултети
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.