Најмалку шест лица загинаа во силното невреме на југот на САД, во Мисисипи, во кое се оштетени најмалку 300 куќи и една зграда на северот од Луизијана. Едно од нив го загуби животот во округот Волтхол, две во Лоренс, а три во Џеферсон Дејвис. Сите три округа се наоѓаат на околу еден час возење јужно од Џексон, во близина на Луизијана.
Националната метеоролошка служба соопшти дека силниот ветер минал и низ другите делови на Мисисипи, каде имало и локални торнада. Гувернерот на Мисисипи, Тејт Риверс, прогласи вонредна состојба во државата бидејќи е погодена и од неколку торнада, јавија американските медиуми.
Од силниот ветар искорнати се електрични водови, а врз неколку дрвја паднале врз куќи во Клерксдејл.