НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ со иницијатива за свикување на Парламентот, ВМРО-ДПМНЕ против

0
By Нова ТВ on April 22, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратеници од СДСМ и од нивните коалициски партнери денеска сè уште се консултираат, но и собираат потписи за иницијативата за свикување седница на распуштеното Собрание на Република Северна Македонија за, како што информираат, за да се потврдат одлуките за прогласување вонредна состојба по 30 дена поради пандемијата со коронавирусот.

Седница, како што посочуваат од СДСМ, може да се свика со собрани 20 потписи од пратеници врз основа на член 67 од Деловникот за работа на Парламентот во кој во став два се предвидува дека „Претседателот на Собранието може да свика седница и по барање на претседателот на Републиката, Владата и најмалку 20 пратеници“. Според член 63 став 4 од Уставот, пак, „мандатот на пратениците во Собранието може да се продолжи само во случај на воена или вонредна состојба“.

„Ставот на пратеничката група на СДСМ е дека Собранието треба да биде во функција и за тоа се исполнети сите услови пропишани во Уставот. Затоа наша цел е да направиме уште еден обид да се свика седница на која ќе бидат потврдени одлуките на претседателот Стево Пендаровски, но да биде во фукниција и доколку во иднина има потреба повторно од прогласување вонредна состојба. Правиме консултации и со други пратенички групи со кои го делиме мислењето за работата на Собранието во вакви услов. Најдоцна до утре барањето за свикување седница ќе биде доставено до претседателот на Парламентот“, изјави Јован Митроски, координатор на пратеничката група на СДСМ.

За тоа како би се одржала седницата, тој вели, дека би било согласно препораките на здравствените власти за држење дистанца, односно електронски или во сали во Собранието каде што може да се обезбеди растојание од два метра меѓу пратениците, како Салата во Куполата на најгорниот кат во Парламентот.

Претседателот на Владата Оливер Спасовски во „Утрински брифинг“ денеска го повтори ставот дека е добро да функционира Парламентот и пратениците да бидат на своите задачи во Собранието

„Јас го кажав мојот став и неколку пати досега. Сметав и сè уште сметам дека Собранието може да се состане заради тоа и според Изборниот законик и според Законот за Собранието пратениците имаат мандат до изборот на новите пратеници. Ние како техничка Влада посакувавме да имаме Законодавен дом што ќе функционира. Ние се наоѓавме во состојба на распишани избори, немаме Парламент, ни се случи здравствената криза. Едноставно сметавме дека е добро да функционира Парламентот и пратениците да бидат на своите задачи во Собранието“, рече Спасовски.

Претседателот на Собранието Талат Џафери во неколку наврати посочи дека не може да свика седница на Парламент што се самораспуштиил. Џафери, како што велат од неговиот Кабинет, за иницијативата ќе се изјасни откако ќе пратениците ќе ја достават до него.

ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржува иницијативата на СДСМ, а засега нема информации кој од пратениците од албанскиот блок ќе ја поддржат оваа инцијатива.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, потенцираат дека станува збор за иницијатива на поранешни пратеници, а ставот за тоа партијата го соопштила јасно на последната лидерска средба.

„Каков било чекор кој е надвор од договореното и прифатеното и од политичките лидери на последната лидерска средба ќе претставува еднострано прекршување на принципот за политички консензус. Очигледно станува збор за две работи, или Заев си влегува во приватни аранжмани и комбинаторики со пратенции, или пак е преголема желбата да се лови во матно, односно во ек на најголемата здравствена и економска криза кога луѓе буквално ги губат своите животи, Заев да носи лични еднострани решенија на штета на државата“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Собранието на Република Северна Македонија се самораспушти на 16 февруари со 108 гласови „за“ заради одржувањето на предвремените парламентарни избори на 12 април. Изборите беа одложени поради пандемијата со ковид-19.

ВМРО-ДПМНЕ Иницијатива Коронавирус Свикување СДСМ седница Собрание Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.