Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хрватска во исчекување на преговарачката рамка на ЕК со С. Македонија

0
By Нова ТВ on April 22, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 22, 2020 15:25

Хрватска, која претседава со Европската Унија (ЕУ), е во исчекување на преговарачката рамка на Европската Комисија (ЕК) со Северна Македонија по што прашањето ќе може да се стави на дневен ред пред министрите и да се одлучи за отворањето на првите поглавја. На видео-конференција со новинарите по средба на министрите за европски прашања на ЕУ, хрватската државна секретарка за ЕУ, Андреја Метелко-Згомбиќ порача дека е веќе „голема работа што е донесена одлуката за отворање на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија“ минатиот месец.

„Согласно таа одлука, сега е прво на Европската Комисија да ја подготви преговарачката рамка и уверена сум дека внимателно работат на тоа. Еднаш кога ќе биде подготвена оваа рамка, министрите со задоволство ќе разговараат за неа и тогаш ќе знаеме кои се следните чекори“, изјави Метелко-Згомбиќ за МИА.

Преговарачката рамка што ја подготвува ЕК се главните теми и принципи врз кои ќе се темели преговарачкиот процес и документот мора да биде одобрен од сите земји членки на ЕУ. Земјата кандидат треба да подготви своја преговарачка рамка.

Хрватската државна секретарка не беше во можност да каже кога може да се очекува прашањето да дојде на дневен ред, поради тоа што кризата со коронавирусот целосно ја измени агендата на ЕУ институциите. Но, од ЕК потврдија дека и покрај ова тие работат на подготовка на рамката за преговори.

Метелко-Згомбиќ информираше дека вчера се одржал и разговор помеѓу хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, на кој станало збор за организирањето на самитот ЕУ – Западен Балкан кој, исто така, е одложен поради кризата.

„Рано е да се каже кога ќе може да се организира Самитот, но ги вложуваме сите наши напори за да обезбедиме средба на највисоко ниво за време на нашето претседателство“, изјави Метелко-Згомбиќ, односно пред први јули кога завршува хрватското претседавање со Унијата.

Еврокомесарот за интеринституционални прашања, Марош Шевчович додаде дека е важно земјите и граѓаните на Западен Балкан да знаат дека ЕУ е целосно фокусирана на вклучување на регионот во сите иницијативи поврзани со справувањето со коронавирусот.

„Сакам да ги уверам нашите пријатели на Западен Балкан дека кога ги развиваме нашите политики за закрепнување на економијата, ќе ги имаме на ум и ќе се обидеме да ги вклучиме колку што е можно повеќе“, изјави еврокомесарот.

Андреа Метелко-Згомбиќ ЕК ЕУ Македонија Преговарачка рамка Хрватска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.