Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Помага ли никотинот против коронавирусот?

0
By Нова ТВ on April 24, 2020 СВЕТ
Фото: laprovince.be
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 24, 2020 10:56

Пушачите важат за ризична група при инфекциите со коронавирус. Нивниот тек на болеста, според една студија објавена во „Чајниз Медикал Журнал“, главно минува потешко и подолготраен е од оној на непушачите, а честопати завршува дури и со смрт.

Француските научници од тимот на невробиологот Жан-Пјер Шанже на Институтот „Пастер“, меѓутоа, претпоставуваат дека никотинските фластери би можеле да помогнат за спречување на инфекции со опасниот вирус. Тие објавија ваква хипотеза на научниот портал „Киос“. До неа дошле поради тоа што, според нивните податоци кои се спротивни на кинеската студија, меѓу пациентите со ковид-19 имало само мал број на пушачи.

Најважни резултати од студијата – од 500 ковид-19 пациенти, 350 биле лекувани во болница, а 150 имале полесен тек на болеста. Само пет проценти се пушачи, рече раководителот на студијата и професор по интерна медицина, Захир Амура за агенцијата АФП. Тоа значи дека меѓу болните од ковид-19 има 80 проценти помалку пушачи отколку што има пушачи воопшто во населението од истите групи на возраст и пол.

До сличен резултат дојде и една поранешна студија на истражувачи од Верона, Италија, предводени од Џузепе Липи, која беше објавена во Европскиот журнал за интерна медицина. И тука заклучокот е дека пушачите не заболуваат почесто од ковид-19 отколку другите.

Никотинот како заштита?

Француската студија поаѓа од тоа дека никотинот би можел да биде заштита од короната. Зад тоа се крие хипотезата „дека никотинот се прицврстува на клеточните рецептори (АЦЕ2), кои се користат од страна на коронавирусот, и на тој начин го спречува прицврстувањето на вирусот“, објаснува професорот Жан-Пјер Шанже од Институтот „Пастер“.

Вирусот не може да навлезе во клетката и не може да се шири во организамот, гласи заклучокот на истражувачите. Тоа сега се истражува детално во париската болница „Ла Пити-Селпетрие“.

Каква улога навистина имаат АЦЕ2-рецепторите?

Меѓутоа, научниците не се единствени во ставот дека АЦЕ2-рецепторите имаат блокирачко дејство. Невролозите Џејмс Л. Олдс и Надин Кабани од Ферфекс, Вирџинија, уште на 18 март објавија студија во „ФЕБС Журнал“ во која се вели дека никотинот повеќе ги поттикнува клеточните рецептори.

Оттука, тие претпоставуваат дека вирусот има дури и подобри можности да навлезе во клетките. Тоа би било објаснувањето за особено тешки случаи на заболени од ковид-19 кај пациентите пушачи.

Пушењето не е решение

Дали имаат право француските научници или нивните американски колеги може да покажат само натамошните истражувања. Практично сите медицинари се меѓутоа единствени во ставот дека пушењето претставува дополнителен ризик при заболувањето ковид-19.

Тие советуваат да се престане со пушење најбрзо што е можно, зашто коронавирусот ги напаѓа, пред сè, белите дробови кои кај пушаите се и онака веќе оштетени.

За разлика од случаите на примање чист никотин, како на пример со никотински фластери, кои вообичаено ги користат луѓето кои сакаат да се откажат од пушење, при пушењето телото дополнително се оптоварува со многу штетни материи, меѓу кои и супстанции кои поттикнуваат рак.

Со оглед на тоа што никотинските фластери имаат различно дозирање, неопходни се уште многу истражувања и тестови. Доколку француската студија се покаже како точна, никотинот би можел дури да ги штити од зараза луѓето кои доаѓаат во контакт со корона-пациенти и со тоа се изложени на повисок ризик од инфекција.

Но, земањето никотин во никој случај не е безопасно, затоа што никотинот е отров. Од една цигара, која содржи 12 милиграми никотин, пушачот внесува еден до три милиграми никотин.

влијание заштита Ковид-19 Никотин пациенти Студии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.