Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Граѓанска иницијатива за фер третман кон родителите со деца од разведени бракови

0
By Нова ТВ on April 24, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 24, 2020 13:28

Промени во Законот за семејство, фер третман кон децата од разведени бракови и нивните родители, напуштање на застарениот еднородителски систем и воведување на заедничко родителство. Ова се барања на Граѓанската иницијатива за заедничко и одговорно родителство по развод. Од таму ја нагласуваат потребата за воведување на одредба дека двата родитела, независно од брачниот статус, остануваат еднакво одговорни за своите деца и заедно ги донесуваат главните одлуки кои се од интерес на детето, како на пример за обрзование, здравство, итн. и регулирање на видувањата на децата со родителот со кој не живеат.

„Воведување на право на минимум загарантирано време од 120 дена годишно за родителот со кој не живее детето. Секаде каде што е можно (кога родителите живеат блиску и нема да се наруши нормалниот тек на активности на детето), да се воведе принципот 50-50, односно
гледање на децата во еднакви временски интервали со двата родитела, како принцип
кој е научно докажан дека е најдобар за децата од разведени бракови“, се посочуваат како начини Граѓанската иницијатива за имплементација на заложбите.

Како исклучок од тие одредби, според предлогот, се наведени четири ситуации – ако едниот родител не сака или не може да спроведува заедничко родителство, ако добиеното право на заедничко родителство не се користи од едниот родител, ако детето е мало (до двегодишна возраст) и биолошки е поврзано со мајката пришто заедничко родителство би се воведувало постепено, односно додека детето не дојде на возраст од пет-шест години и ако едниот родител низ судска пракса е докажано дека е неподобен (осуденик за семејно насилство, душевно болен, зависник, итн.).

Освен ова, заложбите на Граѓанската иницијатива одат во насока и на формирање на медијаторски центри (советувалишта) што би биле задолжителни за сите разведени родители и за родители во фаза на развод. Потоа воведување на силни институционални механизми со кои ќе се обезбеди извршување на решенијата за видување, прогласување на родителско оттуѓување што би било дефинирано како влијание од едниот родител за детето да го отфрли другиот родител, а лажните пријави за физичко и друг тип на насилство да бидат основа за одземање на родителското право. Од Иницијативата се залагаат и за решавање на издршката во склад со принципите за заедничко родителство, како и за забрана за изнесување на деца до 14 годишна возраст во странство на период подолг од 30 дена доколку за тоа не постои согласност од двата родитела.

Граѓанската иницијатива за одговорно и заедничко родителство се обрати со барање до Владата за дополнување на одлуката за забрана на движење на граѓаните од 6 април оваа година.

„Нашето видување со децата е регулирано од државата и се одвива според решенијата
за видување издадени од Центрите за социјална работа (ЦСР). Тие видувања, кои се и така
ограничени на само неколку дена месечно, се одвиваат претежно за викенд. Решенијата на
ЦСР вообичаено предвидуваат наше видување со децата секој втор викенд од петок попладне
или сабота наутро до недела навечер. Со забраната за движење, се создава ситуација за голем број родители да не можат да остварат никакво видување со своите деца со месеци, се додека трае вонредната ситуација. Со тоа, на огромен број на деца, по наши проценки околу 15.000, директно им се нарушува едно од основните детски права – правото на контакт со двата родитела“, се жалат родителите кои не живеат со децата по развод или разделба.

Долготрајното отсуство на контакт со едниот родител, особено во ситуација на домашна изолација може да резултира со оттуѓување од родителот со кого детето нема контакт, но и со цела низа негативни психолошки појави, како гнев, лутина, депресија итн.

„Ниту имаме каде да се обратиме за помош, ниту постои ефикасен правен лек за брзо надминување на тековнава ситуација. Голем дел од засегнатите родители во изминатите денови индивидуално се обраќаа до полициските станици во своите градови, но не добија дозвола за движење во тек на полицискиот час и беа повторно препраќани во ЦСР. Знаеме и од претходно дека ЦСР немаат соодветни механизми како да обезбедат извршување на своите решенија, па го игнорираат проблемот и оставаат родителите да се договорат!? (а да можеле да се договорат, немаше да има потреба да се инволвираат ЦСР). Ситуацијата е дополнително влошена со редуцираното присуство на службениците во ЦСР на нивните работни места, недобивањето на одговори или добивање на крајно формални одговори по телефон и електронска пошта и продолжените рокови за одговор во управните постапки, поради вонредната состојба“, се вели во дописот на Граѓанската Иницијатива до Владата.

Затоа, сметаат од Иницијативата, единствен начин за надминување на сегашната ситуација е измена на
одлука од 6 април, со тоа што „лица кои ќе се движат за време на полициски час по основ на остварување на право на средба со деца според Решение издадено од ЦСР, да се пропуштаат и да се евидентираат како контролирани лица. За потврда на потребата на движење, родителите да се задолжат да го приложат соодветното решение за видување издадено од ЦСР. Велат дека такво нешто нема да претставува преседан за што, како примери, посочуваат земји од регионот (Србија и Хрватска).

барање вонредна состојба граѓанска иницијатива деца Право на видување промени родители
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.