НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бухова: Кршење на ковид-19 протоколите во Куманово, брисеви се земале во Општината без епидемиолошка анкета

0
By Нова ТВ on April 26, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Земање на брисеви во Општината и без епидемиолошка анкета се дел од нотираните прекршувања на ковид-19 процедурите, изјави Иринка Сотирова-Бухова, директорка на Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) на денешната прес-конференција. Притоа истакна се направени два инспекциски надзора и тоа на 17 април на Центарот за јавно здравје во Куманово и на 24 април пришто биле опфатени Центарот за јавно здравје, Службата за итна помош во рамки на Здравствениот дом во Куманово, матичните лекари на пациентите и во три лаборатории во Скопје кои извршиле тестирања.

„Првиот инспекциски надзор е извршен на 17 април во Центарот за јавно здравје во Куманово. Првото тестирање било извршено на 26 март со земање на брисеви на лица од Кризниот штаб. Тестирани биле 28 лица и биле добиени 28 негативни резултати. На 12 април биле земени 38 бриса од кои пет биле позитивни, по што биле издадени решенија за 37 контакти. Тука се утврдени недостатоци, односно и првото и второто тестирање се без спроведена епидимиолошка анкета. Земени се како скенирање, по одлука на епидемиолог, што е прекршување, бидејќи не е со дозвола на министер, рече Бухова.

Вториот прекршок, според Бухова, се однесува на тоа што брисевите биле земени во простори на Општина Куманово што се коси со ковид-19 протоколот, бидејќи истите треба да бидат обезбедени во Центарот за јавно здравје.

„Вториот прекршок се однесува што брисевите се земени во просториите во Општината, што е сосема спротивно на протоколите. Морало да биде во просториите на Центарот на јавното здравје. Во службата за Итна помош имало пропусти при евиденцијата. Во службата на општата болница Куманово, лицето М.Д. и уште едно лице биле заведени како итни случаи и бил даден итен упат за инфективната болница во Скопје. Лицата за кои на 16 април е издадено решение за домашно лекување не постапиле по решението. Тоа е казниво, за што ќе се изрече прекршочен прекршок од 300 до 600 евра. Вториот прекршок се однесува на неправилна евиденција во службата за итна медицинска помош. Таму е во тек вонреден стручен надзор“, истакна Бухова.

 

Брисеви Иринка Сотирова-Бухова Ковид-19 Куманово прекршување Протокол тестови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.