НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЗНМ: Тужби од новинари против државата за нападите на 27 април во Собранието

0
By Нова ТВ on April 27, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: 24.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) соопшти дека денеска се поднесени се тужби од новинари за напади врз нив за време на случувањата во Собранието на 27 април во 2017 година.

„ЗНМ потсетува дека на 27 април пред три години се случи „крвавиот четврток“, каде поголема група поддржувачи на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ упадна во Собранието на Македонија, при што беа нападнати новинари, сниматели, пратеници и останати функционери. Во име на одбележување на овој црн ден за демократијата и застапување на слободата на изразувањето и безбедноста на новинарите, група новинари, помогнати од ЗНМ преку адвокатската канцеларија Медарски денеска поднесe тужби. Тужбите против државата се поднесени за утврдување на повреда на правото на слобода на изразување и за надомест на нематеријална штета“, соопшти ЗНМ.

Тужбите следат по претходен повик кој го имаше ЗНМ со цел обезбедување правна помош за новинари и медиумски работници кои беа нападнати или им беше уништена опрема во Собранието за време на тој немил настан.

„Потсетуваме дека Основното јавно обвинителство застана во заштита на дел од политичарите и против дел од нивните напаѓачи беа преземени мерки по службена должност по што следеа и затворски казни од страна на судот. И покрај тоа што група на новинари претходно даваа и искази во ОЈО за настаните од 27 април, каде имаше случаи и на физичко насилство, за жал сè уште нема никаква правна постапка против сторителите каде што новинарите се оштетена страна. Затоа во услови кога има двојни стандарди за новинарите и кога државата не ги заштити нашите колеги истите се приморани преку приватни тужби да ја бараат правдата“, појаснуваат од ЗНМ.

Оттаму истакнуваат дека сакаат да ги охрабрат сите новинари да го кренат својот глас против нападите и притисоците на кои се или биле изложени и со тоа да пратат порака до јавноста и институциите дека тие повеќе нема да молчат. Исто така, потенцира ЗНМ, судските постапки ќе го зголемат и притисокот врз институциите за да ги казнат насилниците, а со тоа ќе спречат во иднина да се повторуваат вакви напади кои се недозволиви и неприфатливи.

27 април држава ЗНМ крвав четврток новинари Собрание тужби упад
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.