Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нова терапевтска метода: Со крвна плазма и озонотерапија против ковид-19

0
By Нова ТВ on April 28, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 28, 2020 09:29

Заболените од ковид-19 од денеска ќе се лекуваат и со крвна плазма, како и со примена на озонотерапија во ГОБ „8 септември“, а на Институтот за трансфузиона медицина е закажана првата екстракција што ќе се користи за третман на овие пациенти.

Озонирањето на крвта е метода што се користи за третманот, пред сè, за најтешките пациенти. Станува збор за метода со која се озонира одредена количина на крв која се вади, се озонира и се враќа во циркулација.

Како што рече министерот за здравство Венко Филипче на вчерашната прес-конференција, има публикации и искуства од други земји и врз основа на тие искуства тим на анестезиолози од болницата „8 септември“ направил детална анализа на обемна литература и заклучил дека вреди да се направи обид и оваа терапевтска мерка да се аплицира кај пациентите.

Терапијата со плазма од пациенти кои се излекувале од коронавирусот најпрво почна да се применува во Кина кон крајот на март за што стигнаа позитивни вести. Пет критично болни лица во Шенжен, кои беа заразени во ковид-19, добија рековалесцентна плазма. Сите беа на возраст од 36 до 65 години и приклучени на респиратори.

Три дена по примање на плазмата, кај четворица од нив дојде до намалување на телесната температура, во рок од 12 дена беше решен акутниот респираторен стрес кај нив, а тројца беа пуштени од болница. Петмината дарители на плазма беа лица на возраст од 18 до 65 години и сите беа излекувани од коронавирусот најмалку десет дена пред донирање на плазмата.

Министерот Филипче вчера истакна дека, според последните анализи, се очекува бројот на заразени да биде меѓу 1.600 и 1.700 заразени, но оти не би избрзувал со очекувањата за пикот на ковид-19 во земјава.

„Тоа од што стравуваме е да не станува збор за поединечна варијација, како што беше во едно друго сценарио кога имавме еден пик во смисла на исклучок на над 100 дијагностицирани пациенти. Така да, сметам дека сè уште не би избрзувале. Сепак, сакаме да видиме последователно повеќе денови еден ваков тренд за да кажеме, добро, поминат е пикот, и да очекуваме во континуитет и во следните денови намалување на бројот на случаи. Искрено се надеваме дека така ќе биде. Но, малку е рано иако трендовите тоа ни го најавуваат, но сме многу внимателни“, рече вчера Филипче.

Од наредната недела Министерството за здравство ќе почне со набавка на кревети за интензивна нега, респиратори, аспиратори, перфузори, инфузиомати, мобилен рендген, ехо апарати и е-опрема со средствата собрани од донациската сметка за справување со ковид-19 кои се близу 90 милиони денари.

Венко Филипче Ковид-19 Крвна плазма Македонија Метода Озонотерапија пациенти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.